Четвртфинале, резултати:
ХРВАТСКА - ДАНСКА 1:1 (1:1, на пенали 3:2)
Русија на пенали, Хрватска исто на пенали.
Победниците на неделните натпревари, на 7 јуни во Сочи ќе играат меѓу себе.
Мечот почна неверојатно откако Данците поведоа со 0-1 уште во прват минута откако Даниел Субашиќ неспретно реагираше и практично сам си ја стави топката во гол:
„Коцкестите“ не чекаа многу и три минути по шокантниот гол, израмнија на 1:1. Манџукиќ беше најснаодлив во шеснаестникот на Скандинавците:
Од тој огномет во првите 10 минути, мечот во следните 80 изгледаше тактички многу тврдо. Двете селекции се надмудруваа на средината, без сериозни прилики на двете страни па се отиде на продолженија.
А таму драма.
Во 115. минута од продолженијата Лука Модриќ маестрално го проигра Ребиќ кој излезе сам пред Шмајхел, го помина и кога требаше само да ја внесе топката во празниот гол, зад грб го фаулираше Јоргенсен кој доби само жолт картон.
Капитенот на Хрватска имаше идеална шанса од пенал да го реши мечот но Каспер Шмајхел „му ја фати жива“ по млакиот удар:
When you give away a 114th minute penalty to deny a clear goalscoring opportunity in a World Cup knockout game... and they miss. pic.twitter.com/CssgtjPQ8h
— Squawka News (@SquawkaNews) July 1, 2018
Дојде ред и на пенал рулетот. И двете селекции беа непрецизни во првата серија во која царуваа Шмајхел и хрватскиот голман Даниел Субашиќ (промашија Ериксен и Бадељ). Следеа погодоци на Кјер, Крамариќ, Крон-Дали и Модриќ а потоа на сцена повторно се појавија Субашиќ и Шмајхел кој им ги одбранија ударите на Шене и Пиваариќ.
Only one keeper has saved 3 penalties in a shoot-out before Danijel Subasic
— FIFA World Cup 🏆 (@FIFAWorldCup) July 1, 2018
It happened exactly on this day in 2006 - approximately 12 years & 3 hours ago, when Ricardo helped #POR knock out #ENG
With Schmeichel also saving 3 today, 1 July is clearly a day for keepers!#CRODEN pic.twitter.com/sAVJewO2yP
Но хрватскиот голман му го фати и ударот на Николај Јоргенсен со неверојатна парада а луда прослава на четвртфинале на Хрватите им носи Иван Ракитиќ со гол за 3-2 во пенал серијата: