Голманот на Данска има долг стаж во англискиот фудбал и веќе 10 години е член на Лестер. Но кога е репрезентативен фудбал во прашање, други се чувствата и нема тука милост кон клубот, лигата или нaвивачите.
Каспер Шмајхел имаше интересен разговор со новинар кој го праша за омилената фраза на англиските навивачи, а овој го потсети дека никогаш во историјата немаат освоено Европско првенство.
Новинар: Овие денови на сите страни може да се слушне порака од навивачите на Англија: "It's coming home". Колку тоа ви значи вас за да го спречите?
Шмајхел: Дали некогаш бил овој трофеј кај вас дома? Не знам дали некогаш сте биле прваци?
Новинар: Да, во 1996-та.
Шмајхел: Да, но тоа било Светско првенство.
Потоа продолжи:
„Не размислувам на Англија, повеќе сум фокусиран на победа на Данска и колку тоа би значело на нашата земја од 5,5 милиони жители. Не ме интересира како се чувствуваат Англичаните“.