Таг: ријад марез

Две ѕвезди од Премиер лигата стануваат соиграчи на Алиоски и Велковски

Се шири европската колонија во Саудиска Арабија со звучни фудбалски имиња од најсилните лиги. Последните двајца се од Манчестер Сити и Ливерпул.

Марез се појави во Камерун, полицијата едвај ја додржи толпата

Алжир игра против Сиера Леоне во рамките на Купот на Африкански нации, а мечот се игра во Камерун. Кога од автобус излезе ѕвездата на Манчестер Сити настана делириум.

Марез има лепак на копачките

Едно време им се восхитувавме за вакви работи на Зидан и Роналдињо, ама види го ти капитенот на Алжир како ја штопува. Му се лепи.

Сторијата за тоа како Марез играл по снег во Шкотска па избегал од хотел

Најголемиот јунак на полуфиналните дуели во Лига на шампиони, Ријад Марез постигна три гола во двомечот со ПСЖ и го однесе Сити во финале. Неговиот пат до врвот е многу интересен.

Фантазија од гол на Марез

Самиот погодок понекогаш знае да биде само еден обичен шут, како што е примеров со фудбалерот на Сити, ама на тоа му претходеше генијален прием на топка за кој зборуваат сите, па уште и му го испи мозокот на чуварот.

Ријад Марез 2020 - елеганција во движење

Манчестер Сити има толку многу мајстори со топка што на неутралниот гледач му е тешко да се одлучи кој им е најдобар играч во екипата. Од Силва до Де Брујне преку Стерлинг и Бернардо Силва до Алжирецот Марез кој е стварно магионичар.

Дајте му топка за жонглирање, мастика не се враќа во уста

Алжирецот Марез сезонава игра во топ форма за Сити и има 9 гола и 13 асистенции. Тоа што тој го може со топка, го прави и со мастика. Што не верувате?

Абе Марез, не си човек ни на наместен квиз да те прати

Скај Спортс на својот Јутјуб канал објави видео од гостување на фудбалерите на Сити, Менди и Ријад Марез. Алжирецот на прашањето кој играч ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, вели Давид Силва и Фернандињо. Ај за првиот што е одамна јасно и сам кажа, ама вториот беше во преговори за продолжување на договорот кој му истекува на лето.

Лажњак на Марез по кој се самоуништија двајца

Тие имаа најдобра намера, да му ја земат, ама завршија лошо, особено тој едниот кој ни крив ни должен требаше беше соборен на земја од свој колега. Цепки ситуација.

Французите немаат дерман од Африканскиот Куп на нации, уапсени 282 лица

Алжир тивко го почна Африканскиот Куп, но како одминува турнирот, ги победија сите противници и стигнаа до финалето. Славјето на овој успех донесе хаос на улиците во Франција.

Голот од слободен удар во 95-та минута кој фрли во транс милиони Алжирци

Африканскиот Куп на Нации мораше да стигне до полуфинале за да се нагледаме голови, акции, шанси, пречки, стативи, пенали. Алжир ја совлада Нигерија со 2-1 со страшен гол на Ријад Марез во судиското продолжение (90+5 минута) и фрли во еуфорија милиони Алжирци во земјата и странство (читај Франција).

Ријад Марез го посвети голот против Тотенхем на загинатиот газда на Лестер

Градот Лестер и истоимениот фудбалски клуб синоќа се простија од Вичај Шриваданапраба, сопственикот на Лестер кој загина по падот на неговиот хеликоптер во саботата. Синоќа на „Вембли“ се одигра големото дерби Тотенхем - Ман. Сити кое го реши Алжирецот Марез кој го посвети голот на својот некогашен претседател.

Ријад Марез со мајка му на промоција во Манчестер Сити

Најдобриот алжирски фудбалер во моментов, Ријад Марез пред неколку дена потпиша со Манчестер Сити и стана еден од најскапите трансфери од кога шеиците го купија англискиот клуб. На потписот на договорот и промоцијата, Марез дошол со мајка му Салиха.

Лестер за некого мајка, за Марез маќеа

Во последниот ден од трансфер преодниот рок Ријад Марез неочекувано можеше да премине во Манчестер Сити кој даваше еден куп пари, но Лестер одби.

Сахара го бира најдобриот

Африканската фудбалска конфедерација ја објави кратката листа од пет кандидати за наградата најдобар играч на Африка која ќе се доделува на 5 јануари. На списокот го нема Јаја Туре кој беше „претплатен“ на оваа награда.

АС ептен ги измеша брзините

Еден од најугледните шпански весници во табелата за освојување гласови за Златната топка, Марез го направи Турчин, Обамејанг Нигериец, а Модриќ Србин.

Исто кога ќе помине девојка на улица, или се вртиш или не

Секој скаут има свој начин на работа. Критериумите се горе-долу слични, но методите на пристап до бараниот талент се различни. Понекогаш работат буквално како шпиони и гледаат што пие и јаде и каде излегува младиот играч.

Волејот на Ди Канио е тежок, на Марез му успеа од четврта

Генијалната мајсторија на Паоло Ди Канио датира од 2000 година додека играше за Вест Хем. Ја вежбаше Марез од Лестер.

Уметникот кој го разубави градот со јунаците на Лестер

Преубавиот графит сигурно сте го виделе повеќе од еднаш. Беше објавен на сите спортски сајтови ширум светот и сите му се восхитуваа, а најмногу Раниери и Лестер. Улиците на градот ќе бидат украсен со уште спектакуларни графити.

Бројките и патот на уличниот фудбалер кој стана број 1 во Англија

Ако некој пред стартот на оваа фудбалска сезона ве прашаше кој е Ријад Марез, сигурно ќе креневте раменици. Епа викендов е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата и има 17 постигна гола, 10 повеќе од Руни.