Мохамед Салах
клуб: Рома
репрезентација: Египет
Најдоброто нешто што му се случило на фудбалот во Египет во последно време е Мохамед Салах. До 2012. година за него не се знаеше многу: талентираното крило играше за каирскиот Мокавлун. Се се сменило после трагедијата на стадионот во Порт-Саид во кој загинаа 73 луѓе. Првенството на Египет беше суспендирано а Салах реши да тргне на пат за Европа.
Во првата сезона во Европа играше во швајцарското првенство за Базел и беше прогласен за откритие на годината во Африка. Неговите фантастични продори и голови ги дознаа и во Англија, новинарите пишуваа за интересот на Тотенхем, Ливерпул и Њукасл а фудбалерот како што бидува заврши во Челси.
Во Лондон конкурент му беше Хуан Квадрадо. И двете крила не се снајдоа во Премиер лигата после што Салах замина во Фиорентина. После една година во Фиренца, Мохамед по големиот скандал премина во Рома иако веќе имаше потпишано пред-договор со „Виолетовите“ кои имаа право да го откупат за 1 милион фунти.
Целиот случај стигна до ФИФА а менаџерот на Салах изјави: „Ако Мохамед биде суспендиран, веќе од утре ќе биде спремен да продава ќебапи на една улица во Фиренца“. На крајот ФИФА го одобри трансферот и Салах денес е најдобриот фудбалер на Рома.
Ислам Слимани
клуб: Лестер
репрезентација: Алжир
Соиграч на Варди, најдобар другар на Ријад Марез и миленик на навивачите на Спортинг. Ислам е дете на клубот Чераги од Алжир. За 800.000 алжирски динари на 21 година преминува во Белуиздад. Долго време го очекуваа во Франција каде знаеле за неговиот талент.
Клод Пуел го викна во Ница, а Ерик Мобертс му понуди да дојде во Ле Авр, но Ислам одлучи да се пресели во Португалија. Во август 2013-та стигна во Лисабон, потпиша за Спортинг и набрзо стана херој во Алжир. Од тимот го истисна Колумбиецот Фреди Монтеро и на четири меча постигна четири гола со што го воодушеви тренерот Леонардо Жардим.
Ислам се прослави на СП 2014 во Бразил. Со неговиот гол против Русија го внесе Алжир во нокаут фазата. После Мундијалот побарал од Спортинг да му ја дуплира платата, клубот одбил и го отстранил од првиот тим.
Летово потпиша со Лестер за 30 милиони фунти каде игра со Џејми Варди во нападот.
Садио Мане
клуб: Ливерпул
репрезентација: Сенегал
За Мане пишувавме како го напуштил семејството и заминал во далечниот Дакар за да игра фудбал и како го сруши вечниот рекорд на Роби Фаулер. Садио Мане е роден на југо-западот од Сенегал, а детството го поминал на локалните ливади.
Неговите родители биле многу религиозни и повеќе сакале синот да стане свештеник отколку да трча по топката.
Кога имал 15 години со вујко му отишол на патешествие од 800 километри до Дакар. Во главниот град на Сенегал, Садио Мане бил на проба во младинската академија „Џенерејшн Фут“, а наскоро го викнале да игра за тимот.
Во 2010-та го купува Мец а иако главниот тренер Доминик Бижита му давал шанса, 19-годишниот Садио не се снашол во францускиот фудбал. Дал само еден гол на 20 меча и го продале во Ред Бул Салцбург. Таму се растурил од голови за две години дал преку 50 гпогодоци и го привлекол вниманието на големите тимови.
Во 2014-та стана играч на Саутемптон а 16. мај 2015-та ќе биде запаметен во Премиер лигата по Гинисовиот хет-трик на Мане против Астон Вила кога даваше голови во 13-та, во 14-та и во 16-та минута и го сруши рекордот на Роби Фаулер. Од летово е член на Ливерпул кој го плати дури 41 милион евра а веќе сега може да се потврди дека Сенегалецот ги оправда средствата.
Пјер-Емрик Обамејанг
Клуб: Борусија Дормтунд
Репрезентација: Габон
Последната „бомба“ од Кина стигна денес. Клубот Шангај му нуди на Обамејанг 41 милион евра годишно а на Дортмунд за трансферот 150 милиони евра. Доколку се реализира овој трансфер ќе стане најскапиот на сите времиња во историјата на фудбалот.
Обамејанг е актуелниот најдобар фудбалер на Африка и важи за еден од најбрзите фудбалери на планетата. Тој е роден во Париз, можел да бира дали ќе игра за Италија, настапувал за младинската селекција на Франција, а сега игра за Габон и се смета за чист Африканец.
Обамејанг како мал постојано ги менувал секциите и клубовите. На 17 години доби шанса да тренира во академијата на Милан со чии младинци на една турнеја во Индонезија бил прогласен за најдобар играч. Но не доби шанса во првиот состав, се врати во Франција каде се селеше од позајмица на позајмица.
Првиот човек кој го здогледал талентот на францускиот Габонец бил Кристоф Галете. Стариот тренер на Сент Етјен го спои Обамејанг во тандем со Емануел Ривиер, а по доаѓањето на Брандао, Обамејанг се премести на крило.
Во зелениот дрес капитенот на Габон го освои Лига Купот на Франција и наскоро го продадоа во Борусија Дортмунд за 15 милиони евра.
Тој е најзаслужен што навивачите брзо го преболеа Роберт Левандовски а Пјер-Емерик наскоро ќе го прослави јубилејниот 100-ти гол во жолто-црниот дрес (до денес даде 96 гола!) Минатата година беше проглаен за најдобар играч на Африка за 2015-та. Лани ја сруши доминацијата на Јаја Туре кој дури четири години по ред ја освојуваше наградата најдобар на Црниот континент.
Ријад Марез
Клуб: Лестер
Репрезентација: Англија
Фудбалеро кој стана главно откритие минатата сезона во Европа. Неодамна играл во Лига 2 во Франција и дебитирал во баражот за прва лига, а во Англија стана шампион и еден од најбараните фудбалери на денешницата.
Патот на Алжирецот од францускиот град Сарсел почнува од полу-аматерскиот клуб ААС. На 13 години ммалиот Ријад таму се запишал да тренира фудбал. Идол му бил Дидие Дрогба и од тогаш Марез мечтаел да заигра во Англија.
Неговиот карактер се сменил кога на 15 години од срцев удер починал татко му. Марез подоцна го потпишува првиот професионален договор, а денес за него предлагаат астрономски суми.
Ријад како мал продолжил во клубот Кемпер а подоцна се докажал во Ле Авр од каде стигна во Лестер кај Раниери.