Голот од слободен удар во 95-та минута кој фрли во транс милиони Алжирци

Африканскиот Куп на Нации мораше да стигне до полуфинале за да се нагледаме голови, акции, шанси, пречки, стативи, пенали. Алжир ја совлада Нигерија со 2-1 со страшен гол на Ријад Марез во судиското продолжение (90+5 минута) и фрли во еуфорија милиони Алжирци во земјата и странство (читај Франција).

Париз на маки:

Во другото полуфинале во кое имаше два промашени пенали од двете страни во рок од 6 минути, Сенегал го совлада Тунис со 1:0 со гол во продолженијата. Финалето Сенегал - Алжир се игра во петок од 19 часот во Каиро.

15 јули 2019 - 09:13