Две ѕвезди од Премиер лигата стануваат соиграчи на Алиоски и Велковски

Се шири европската колонија во Саудиска Арабија со звучни фудбалски имиња од најсилните лиги. Последните двајца се од Манчестер Сити и Ливерпул.

На арапските пари ретко кој може да одолее. Последните двајца се Ријад Марез и Џордан Хендерсон. Првиот оди кај во Ал Ахли кај Џани Алионски, а вториот во Ал Етифак кај Дарко Велковски.

Трансферите се веќе договорени и останува уште да се официјализираат со потпис, а тоа го потврдуваат многу релевантни медиуми и новинари како БиБиСи и Фабрицио Романо.

32 годишниот Марез оди на огромна заработка во Ал Ахли вредна 90 милиони евра за три сезони, а Манчестер Сити за трансферот ќе добие 35 милиони евра плус 5 во форма на бонус.

Алжирецот заминува од Етихад откако лани ја освои тројната круна со личен скор од 47 настапи и 15 гола. Заминува како Африканец со рекорден број на титули и асистенции во Премиер лигата.

Освои 11 трофеи за 5 сезони со Манчестер Сити, а претходно беше дел од легендарниот состав на Лестер со кој ја освои историската шампионска титула.

Македонскиот репрезентативец, Џани Алиоски во новата сезона ќе игра заедно со тројца славни фудбалери. Другите двајца се Роберто Фирмино и Едуар Менди.

По 12 сезони, 8 трофеи, 492 настапи, 33 голови и 58 асистенции, Енфилд Роуд го напушта легендарниот капитен Џордан Џеферсон.

Се сели кај друга легенда на Ливерпул, а тоа е Стивен Џерард кој од Астон Вила прифати богат тренерски ангажман во Ал Итифак.

За сега не е познато колку ќе заработува 33 годишниот играч од средниот ред, а трансферот изнесува 12 милиони фунти.

Покрај Џерард за тренер и Хендерсон за соиграч, Дарко Велковски е во тим и со шведскиот репрезентативец Робин Кваисон кој играше во Мајнц, и Палермо, Бразилецот Витињо и доскорешниот фудбалер на Наполи, Ајакс, Ајнтрахт и Борусија Менхенгладбах, Амин Јунес.

 

20 јули 2023 - 12:25