Јануарскиот преоден рок привршува тивко, без некој бомбастичен трансфер. Се појавуваат првите незадоволства кај ѕвездите кои заминаа на дебело кеширање кај Арапите. Кам бек во Европа направи Џордан Хендерсон и веднаш направи бум.
Белгиецот на можеби најтешкото гостување во Англија покажа зошто е меѓу најдобрите фудбалери во Европа. Даде фантастичен гол за пресврт на „Енфилд“ (1:2) и неколку пати душа му извади на капитенот на Ливерпул кој од фрустрации му урлаше.