По 12 години минати во Ливерпул каде освои сè, Хендерсон летоска замина на печалба во Ал Етифак, но за рекордни шест месеци реши да се откаже од играње фудбал во средина каде добиваше по 350.000 фунти неделно.
Искусниот играч од среден ред од овој месец е нов играч на Ајакс. Беше принуден да го избере дресот со број 6, бидејќи 14-та која ја носеше Јохан Кројф е повлечена.
Но тоа воопшто не влијаеше во однос на фудбалската треска која ја предизвика и веднаш ги сруши претходните рекорди на продажба на дреосви кои ги држеа Душан Тадиќ и Дејли Блинд.
И не само тоа, туку дресот на новиот член на Ајакс кој чини 85 фунти, официјално се продал побрзо од оние на легендарните Луис Суарез, Златан Ибрахимовиќ, Јохан Кројф, Марко ван Бастен, Денис Бергкамп, Патрик Клајверт и Кларенс Сидорф и тоа во првите 24 часа по реализирањето на трансферот.
33 годишниот Хендерсон треба да му помогне на 36 кратниот холандски првак за излез во Европа. Во моментов се петти, а пласман во Лига на шампиони обезбедуваат само првите две места.
Договорот му е на две и пол години.
‘I love all of them!’ - @JHenderson ♥️ pic.twitter.com/4gAv2AxxmT
— AFC Ajax (@AFCAjax) January 19, 2024