Ријад Марез го посвети голот против Тотенхем на загинатиот газда на Лестер

Градот Лестер и истоимениот фудбалски клуб синоќа се простија од Вичај Шриваданапраба, сопственикот на Лестер кој загина по падот на неговиот хеликоптер во саботата. Синоќа на „Вембли“ се одигра големото дерби Тотенхем - Ман. Сити кое го реши Алжирецот Марез кој го посвети голот на својот некогашен претседател.

Марез играше за Лестер од 2014 до 2018 и беше главен играч во сезоната 2015/2016 кога Лестер сензационално ја освои титулата во Премиер лига.

 

30 октомври 2018 - 09:25