Градот Лестер и истоимениот фудбалски клуб синоќа се простија од Вичај Шриваданапраба, сопственикот на Лестер кој загина по падот на неговиот хеликоптер во саботата. Синоќа на „Вембли“ се одигра големото дерби Тотенхем - Ман. Сити кое го реши Алжирецот Марез кој го посвети голот на својот некогашен претседател.