Репрезентативецот на Алжир роден во Франција, исто како Зидан е дел од бајката наречена Лестер и уште еден силен доказ дека парите не се клучни дека ќе се искачиш високо.
На 26 август 2014-та Анхел Ди Марија потпиша 5 годишен договор со Манчестер Јунајтед за 60 милиони фунти, рекорден трансфер во Велика Британија. Истото лето Радамел Фалкао замина на позајмица од Монако на Олд Трафорд, а во зделката му стоеше плата од 265.000 фунти н е д е л н о.
Ди Марија од 5 годишниот договор одработи една, одигра 27 меча и постигна скромни 3 гола. Бедно мина и Фалкао со 26 настапи и 4 гола, а сезонава е како “дух“ во Челси. Срамни 10 меча и 1 гол. Никој ниту го гледа, ниту го збори.
Како компарација на овие две супер ѕвезди кои спијат на пари, а не направија ништо во Премиер лигата, приказната со Марез е почната низ улиците кој со топка в раце не се прибирал до полноќ. До 18 години не членувал ниту во една фудбалска школа, а искуството во калел во мал клуб од своето мало кој игра во аматерски ранг.
Неговиот фудбалски пат на професионално ниво почнува пред 6 години во Ле Авр, клуб со кој се натпреваруваше во втората француска лига. Од таму го направи вистинскиот избор и потпиша за Лестер со кој најпрво во сезоната 2013/2014 настапуваше во Чемпионшип.
Во силната конкуренција на големи и силни фудбалски имиња 25 годишниот репрезентативец на Алжир го доби признанието за најдобар фудбалер оваа сезона во Премиер лигата, а инаку пред да замине во Англија семејството и пријателите биле скептици дека ќе успее поради слабите физички предиспозиции.
- Само 2 сезони искуство во Премиер лигата
- 2.795 одиграни минути
- Сезонава во Премиер лига има 17 голови и 11 асистенции (Алексис Санчез има 12, Диего Коста 11, Бентеке, Педро и Руни по 7).
- 270 добиени дуели или во просек 47.50
- 111 дриблинзи. Само Заха од Кристал Палас со 127 има повеќе од него сезонава
- Во јануари 2014-та прави трансфер во Лестер вреден 500.000 евра
- Во јануари 2016-та неговата вредност изнесува 30 милиони фунти и влегува во листата на 50 најскапи играчи во Европа.
- Популарноста во неговата земја придонесува Лестер на Фејсбук да има скоро три пати повеќе фанови отколку во Англија.