Учи јазик за да не одиш бос по трње како италијанските тренери

Иако италијанската тренерска струка важи за една од најдобрите на светот, сепак проблемот со не знаење странски јазици кој стручњаците од оваа земја го имаат, знае да биде доста сложен.

Макс Алегри во моментов е еден од најценетите тренери на пазарот на слободни агенти. Веќе пола година по заминувањето од Јувентус во јуни, Италијанецот седи без работа.

Медиумите го праќаа во Тотенхем и Манчестер Јунајтед, а најреална варијанта беше Баерн Минхен. Иако според реномираниот германски новинар Рафаел Хонигштејн, газдите на Баерн биле шокирани кога разбрале дека Алегри збори само и само италијански. Со другите клубови исто не се договорил. Не знаењето англиски јазик не бил единствен, но бил многу важен фактор зошто Алегри не добил работа изминативе месеци.

Изминатата есен The Guardian пишуваше дека италијанецот интензивно учи англиски и се спрема за работа во Премиер лигата (наводно беше близу Ман. Јунајтед). Италијанските медиуми тогаш пренесуваа за планот на Алегри до крајот на оваа сезона да научи добро англиски, а пред почетокот на летото да потпише договор со некој топ клуб.

„Јас уште недоволно добро зборувам англиски, но учам“, потврдил Алегри во октомври лани.

Но Масимилијано не е единствениот кој мака мачи со овој проблем. Многу други топ тренери исто не знаеле англиски.

Во последните 15 години англиската премиер лига стана центар на фудбалскиот свет и натаму стремат најдобрите тренери. А ако ние мислиме дека во Европа сите знаат англиски, сепак многу тренери при преселбата од своја родна земја во Англија, морале да ја рушат и јазичката бариера.

Својот авторитет, кој е клучен за играчите да те ценат, преку јазикот брзо го занишал и Унаи Емери - врвен шпански стручњак кој на тренинзите на Арсенал бил исмеван од играчите поради лошиот изговор на англиски зборови:

Маурисио Почетино цела година го тренирал Саутемптон, а англиски почнал да учи само кога преминал во Тотенхем (така стоело во договорот). Аргентинецот никогаш не грешеше многу во простите конструкции, иако еднаш на еден меч против Барнли сакал да побара од судијата Шон Дајш помалку да му вика но ги утнал зборовите и наместо shut up му рекол fuck off.

УЧИ КАКО МЛАД ДА НЕ ТИ БИДЕ ТЕШКО КАКО СТАР

„Да се зборува на ист јазик со играчите е многу, многу важно. Тие треба да го разберат секој збор, да ја сфатат својата улога на теренот. Во такви ситуации не може да се потпрете на преведувач“, рекол еднаш Антонио Конте кој уште во првата сезона со Челси ја освои титулата.

Карло Анчелоти, пак, е далеку повозрасен, но знае англиски, германски, шпански па дури и француски. Тој е сигурен дека јазикот му треба на тренерот не само за разговор со играчите:

„Кога работите на тренинг не знаењето јазик ќе ви пројде некако. Но кога сте тренер, вие морате да зборувате не само со играчите, туку и со медиумите, со газдите на клубовите и со навивачите. Тоа е од животна важност“, вели тренерот на Евертон кој во кариерата ги водеше и Баерн Минхен и ПСЖ и Милан и Јувентус и Челси.

Во Италија претежно работат италијански тренери (плус Синиша Михајловиќ), во Германија Германци, а во Шпанија Шпанци и Аргентинци. Но Премиер лигата е максимално интернационално првенство каде има тренери од цел свет.

Добро тогаш, ако јазикот е толку многу важен, зошто многу врвни тренери не можат да го совладаат?

Работата е во тоа што повеќето тренер поминале некој скоро ист животен циклус во кој немало место за часови по англиски јазик.

Ретко кој од нив како млад освен што играл фудбал и тренирал помислил да оди да учи странски јазик од некое свое задоволство.

„Да зборам искрено, не сум ни помислил на тоа кога сум бил млад. Никој во Мајнц не знаеше англиски и не морав да го учам. Зошто?“, рекол еднаш Јирген Клоп кој научил англиски само кога се спремал од Дортмунд да оди во Ливерпул каде сега е најдобар тренер на свет.

А исто така во ’80-те и ’90-те години трансферите не биле толку популарни како сега, па Шпанците играле во Шпанија, Германци во Германија а во Премиер имало малку странци.

А да научиш тренерски занает можеш и без англиски јазик.

Но има и такви како доктор Клаудио Раниери, човекот кој на Лестер му ја донесе најсензационалната титула во цела Европа.

„Немам воопшто слободно време, а кога имам и една слободна минута многу сакам да читам. Но само книги на италијански јазик. Се враќам дома доцна навечер и немам сили да учам англиски јазик“, рекол Раниери уште во далечната 2002 година за The Telegraph.

После 40-50 години англискиот јазик потешко се совладува отколку во младоста.

Во 2017 година група научници од Бостонскиот универзитет објавиле во весникот Cognition научна статија за влијанието на возраста врз изучувањето странски јазици. Резултатите гласеле дека до 10 години е идеално време за дете да учи странски јазик, а после 10 години способноста за учење странски јазик постепено се губи. Ова значи дека што е постар човек потешко учи.

НА ИТАЛИЈАНЦИТЕ ИМ Е ПОСЕБНО ТЕШКО

Општо-прифатени мислење е дека Италијанецот генерално послабо зборува англиски јазик. Италијанските тренери се воглавном „најизвозна роба“ во Европа но секој од нив има проблем со англиски јазик.

Во ХХI век например, во Премиер лигата работеа 12 италијански тренери од кои некои беа светска класа (Капело, Анчелоти) па се до локални херои како Ди Канио, Мацари, Гвидолин.

Дел од нив, како Ди Матео, Ѕола, Манчини, Виали и Ди Канио знаеле англиски уште пред да почнат да тренираат во Англија.

Откако се преселиле или пред преселбата во Англија, англиски во процесот на работа го учеле Раниери, Конте, Анчелоти и Сари.

Никогаш не го совладале во целост Капело, Мацари и Гвидолин, претставници на старата школа.

Интересно, на почетокот на 2000-те години Клаудио Раниери цели четири години го тренираше Челси но никогаш не научил добро „инглиш“. Во 2004-та година на негово место дојде Мурињо кој го тролал Клаудио: „Јас многу месеци учев италијански дури по пет часа на ден, така што нормално ми е да зборувам со играчите, со медиумите и со навивачите. Раниери во Англија пројде пет години и до сега не знае да каже ни Добро утро“.

Џанлука Ди Марцио, главниот инсајдер во италијанскиот фудбал, на оваа тема вели:

„Англискиот јазик е проблем за многу наши тренери. Тие се многу големи интелектуалци, но кога добиваат понуда надвор од границите, некако се збунети дека има уште некој друг јазик освен италијанскиот“.

Во 2013-та година некогашниот тренер на Јувентус Чиро Ферара учествувал во ждрепката за Лига Европа чие финале тогаш се играше на стадионот на Јуве. Чиро го отворил говорот со извинување дека ќе зборува италијански зошто англиски не знае добро.

Проблем имаат и играчите. За цели две години во Њујорк, Андреа Пирло не дал ниту едно интервју на англиски јазик, а Чиро Имобиле во Дортмунд не успеа меѓудругото и поради тоа што го мрзело да учи англиски (не зборува ниту германски).

Многумина сметаат дека виновен за ова е специфичниот однос на Италија како држава кон странските јазици.

ВО ИТАЛИЈА СО СНОБИЗАМ СЕ ОДНЕСУВААТ КОН АНГЛИСКИОТ, ДУРИ И ПОЛИТИЧАРИТЕ ЗБОРУВААТ КАТАСТРОФАЛНО

Светската школа за странски јазици Education First секоја година составува индекс за владеење со англиски јазик. На рејтингот, објавен во новемри 2019-та година, Италија го заземала дури 36. место по добро владеење со англиски јазик. Пониско од Унгарија, Романија, Филипини и Кенија.

Дури и внатре во Италија многу нерамномерно го знаат англискиот: во Милано и Рим на англиски зборуваат 60% од граѓаните, а на југот од Италија дури пола од ова. За таквата статистика ги криват италијанскиот менталитет и снобизам.

„Ја сакам Италија, го сакам Наполи и италијанското кино, но морам да признаам дека сме неверојатно свртени само кон себе. Не обрнуваме внимание на други јазици, на култури од другите земји. Во Неапол каде што сум роден, никој не знаеше англиски јазик и не гледаше англиска лига. Многумина не ги ни слушаа Ролинг Стоунс“, вели генијалниот режисер Паоло Сорентино.

Во Италија дури и политичарите не се на топ-ниво со англискиот јазик. Во 2014-та година тогаш новиот италијански премиер Матео Ренци (поранешен градоначелник на Фиренца), „се прослави“ на една меѓународна конференција Digital Venice.