Иако италијанската тренерска струка важи за една од најдобрите на светот, сепак проблемот со не знаење странски јазици кој стручњаците од оваа земја го имаат, знае да биде доста сложен.
По отказите на Гвидолин и Ди Матио листата на отпуштени италијански стратези надвор од својата земја порасна на четири. Тренери со педигре беа отпуштани и претходните години.
Штом треба да те бараат на Гугл за да видат воопшто кој си, тоа е знак дека не си за во Премиер лига. Тоа му се случи на италијанскиот стратег со 30 години стаж како тренер, но без ќорав трофеј.