Најпознатата фризура во светот на фудбалот - Маруан Фелаини

Иако заработува повеќе од 100 илјади фунти неделно, Белгиецот со мароканско потекло важи за еден од поскромните фудбалери во престижната Премиер лига. Кога не ги практикува Рамазанските пости, дели помош на сиромашните во Мароко.

ТАТКО МУ ОД ПОЗНАТ ГОЛМАН СТАНАЛ ВОЗАЧ НА АВТОБУС

Кога сите соученици во школо оделе со велосипеди, малиот Маруан Фелаини трпеливо со ранчето пешачел по бриселските улици.

Тоа бил услов на татко му: да не се качува во автобус, да не се жали, да не крати пат и секој ден тоа да му биде рутина за физичка активност. Абделатиф Фелаини не растел идеален војник - тој само сакал некој од фамилијата да стане фудбалер.

Самиот Абделатиф Фелаини бил голман во најголемиот марокански клуб „Раџа Казабланка“ кој три пати ја освојувал африканската Лига на шампиони. На почетокот на 70’ години на Фелаини-постариот му здосадило во Мароко и посакал да оди во Европа но на локалните чиновници не им се допаднала оваа идеја, биле љубоморни и не му ги издавале потребните документи.

Голманот кој не добил нормален одговор од властите во Казабланка, едноставно избегал во Белгија но Мароканците не се помириле со тоа и измислиле милион бирократски прболеми поради кои Абделатиф ја завршил кариерата на 24 години. Белгискиот Мехелен не можел да потпише договор со него поради спорните документи и Фелаини-постариот повеќе не заиграл на сериозно ниво.

Така после некое време станал возач на автобус а после неколку години сонот му го реализирал неговиот син Маруан.

Планот почнал да се остварува кога Маруан Фелаини имал 15 години. Тогаш еден скаут на Шарлоа му кажал на татко му дека од оваа перспектива гледано неговиот син може да се развие во вториот Патрик Виера. Во преден план восхитувачка била физичката спремност на Маруан.

Во детството тој многу сакал атлетика, одел на стадионските патеки каде трчал по 3, 5 и 10 километри.

„Кај Фелаини немаше некој посебно видлив природен талент, но беше многу атлетски граден, трчаше од прва до последна минута без престан“, се сеќава тренерот во академијата на Андерлехт каде Маруан тренирал од 8 до 11 години.

ФЕЛАИНИ Е МУСЛИМАН, НО НЕ ПОСТИ НА ГОЛЕМИТЕ ТУРНИРИ

На почеток на ’2000-те, Фелаини играл за јуниорската репрезентација на Мароко. Бил и на поширокиот список за младинското Светско првенство во 2005-та, но после 20 минути на пријателски меч, не задоволил и не го викнале.

Од таа причина кога после некое време му стигнала покана од Белгија да игра за нив, тој прифатил да се бори за семјата во која го минал детството и младоста.

Тој е муслиман но одвреме навреме не ги пости Рамаданските пости особено кога мора да игра на некој голем турнир неколку дена по ред. Така било на Светското во Бразил 2014 и на Европското 2016 во Франција.

„Не можам да држам строг пост во време на така голем турнир. На секои три дена имаме натпревар, секој ден тренинзи. Како може ништо да не јадам и да играм? Од каде би имал енергија? Така, јас постот го држам после турнирите“, вели Белгиецот со марокански корени.

Брат му Мансур вели дека Маруан често тоа што не пости за време на постите го компензира со тоа што им помага на сиромашните семејства во Мароко.

СКРОМНОСТ

Како што пишуваше своевремено Daily Mail, Фелаини во Евертон не само што изгледа и се однесувал скромно туку и избрал скромен автомобил. Во клупската база покрај сите паркирани BMW и Ferrari, тој скромно доаѓал со Vauxhall Corsa. Кога го прашувале зошто не купи подобра кола, тој одговорил: „Јас сум обичен човек“.

Во Манчестер Јунајтед во прво време го возел автомобилот на спонзорот Chevrolet и велел: „Мене воопшто не ме исполнува кола. Да, има прекрасни модели, но мене тоа не ме привлекува.“ Неодамна купил класичен црн Мерцедес, а зошто и да не после толку години на највисоко ниво во Премиер лигата?

„Не ми беше тешко ниту со другата кола. Секогаш живеев обичен живот и на тој план ништо не се смени дури и кога почнав многу да заработувам. Просто сакам само да го издржувам семејството.“

НАЈПОЗНАТАТА ФРИЗУРА ВО ФУДБАЛОТ

Маруан Фелаини добро го знаат сите љубители на фудбалот, па дури и оние кои не гледаат англиско првенство.

„Оваа фризура ја чувам веќе 10 години и не сакам ништо да менувам. На луѓето им се допаѓа, ме препознаваат по тоа, а некои и купуваат перики како мојата фризура кога одат да ја гледаат репрезентацијата, но тоа не ми се допаѓа баш“, искрено раскажува Фелаини.

За време на Светското 2014 во Бразил во Белгија бил бум од црни виткани перики. Една од нив Фелаини лично и ја пратил на 12-годишна навивачка која му пишала писмо.

Во целата кариера Фелаини само неколку пати се појави во друго издание. На пример во 2009 година во Евертон направи мали плетенки, после Светското 2014 ја ишиша целата коса и стигна на нула а после Европското 2016 ја офарба косата во светла боја.

„Кога Маруан сака да го смени стилот тоа е за неколку недели, не за долго“, вели личниот фризер на Фелаини, Мишел Себаха.

ГЛАВНАТА ПРИКАЗНА СО КОСАТА

Најинтересен момент со фризурата Маруан ја имал пред пар години кога за 2 милиони купил голема куќа за целото семејство во Манчестер. Имал 6 спални, кино-сала, базен и игротеки за деца. Но тој таму отворил и берберница за него и за неговите најблиски. Според Daily Mail, Фелаини доаѓа еднаш неделно кај фризерот кој се грижи за неговиот стајлинг.

Првата асоцијација за Фелаини секаде во светот е неговата афро-фризура. Самиот вели дека тоа може да се смени само ако даде гол во финале на Светско.