45-годишниот Хасан Зубиер од околината на Стокхолм во петокот е во посета на пазарот во Турку заедно со својата пријателка, кога едно момче почнува да боде луѓе со нож.
Како што почнува паниката и врескањето на луѓето, Зубиер се врти и гледа како момчето боде жена која е падната на земја. Тој се затрчува кон жената и се обидува да и помогне да го сопре крварењето.
Додека го прави ова, забележува дека терористот трга да ја нападне неговата пријателка. Зубиер застанува пред нејзе и добива два убода од нож, додека пријателката завршува само со гребаница на горниот дел од раката.
Од тука веќе ранетиот Зубиер се враќа кај првата жртва обидувајќи се да го спречи крварењето од нејзиниот врат. Како што го прави ова, тој повторно е нападнат од 18-годишниот терорист.
Зубиер завршува со убоди во вратот, градите и двете рамења. Иако пријателката успева да ја спаси, првата жена е една од двете жртви во нападот.
Напаѓачот е застрелан во нога од финската полиција и уапсен.