Како Рамазанскиот пост влијае врз фудбалерите?

Саудијците кои ќе го отворат Мундијалот против домашната Русија, постат речиси цел месец но тврдат дека се максимално спремни психички и физички за своето историско учество.

Мечот Русија - Саудиска Арабија со кој ќе се отвори Светското првенство 2018 на 14 јуни во 17 часот - на три часа и петнаесет минути до заоѓањето на сонцето по московско време - ќе означи и крај на Рамазанскиот пост кој муслиманите го држеа цел месец.

Во време на овој месец на муслиманите, според нивната вера им е забрането да јадат и пијат од изгрејсонце до зајдисонце што значи дека може да јадат и пијат само навечер. Но во тоа време потребно е и да се молат и да спијат помалку од вообичаеното.

Освен тоа репрезентацијата на Саудиска Арабија минатата сабота пристигнала во својата база во Санкт Петербург каде во период на бели ноќи ноќта е светла и денот трае 19 часа.

КАКО ИГРАЧИТЕ СЕ НОСАТ СО ТОА?

Смената на режимот е стрес дури и за професионален фудбалер.

Рамазан е поврзан со лунарниот календар, поради што не паѓа секоја година во исто време, туку секогаш се поместува 10 дена однапред и се завршува со Рамазан Бајрам. 

Кога Рамазан паѓа во летните месеци со кратки ноќи, уште и во време на големи фудбалски натпреварувања каде се има помалку време за одмор, се поставува прашањето како да се издржи?

Во 2009 година Жозе Мурињо го извади Сали Мунтари после половина час игра и изјави дека Ганецот бил истрошен од постот за да игра со голема жар. Во ЦСКА Москва каде имаше неколку муслимани меѓу играчите, на пример Ерменецот Муса Маазу не се напрегал многу на тренинзите а по заоѓањето на сонцето јадел леб од путер со масло. Муса брзо го изгубил местото во стартна постава.

Просто да одмавнат со рака кога се работи за оваа традиција исто не можат.

Задолжителниот пост во време на Рамадан (се нарекува саум или ураз) е еден од петте столбови на исламот т.е. најважна практика кај муслиманите. Дури и светски познатите муслимани решаваат да не го соблазнуваат Рамадан поради сопствени удопства и јавно кажуваат за своите одлуки.

Месут Озил, кој важи за голем верник, еднаш свика прес-конференција пред Светското 2014 каде раскажа дека еднаш за малку не се онесвестил додека играл за младинската репрезентација на Германија и од тогаш решил да не пости во време на важни големи турнири.

Франк Рибери кого коментаторите од Саудиска Арабија во време на преносите го викаат по неговото муслиманско име - Билал Јусуф Мохамед, пости за време на Рамадан но го прекинува постот за време на важните средби.

Мохамед Салах на пример годинава направил само еден ден исклучок од постот - на денот од финалето на Лига на шампиони со Реал Мадрид кога го повреди рамето.

Исламот во принцип допушта такви исклучоци. Од пост во време на Рамадан можат да бидат разрешени патници кои се на повеќе од 80 километри од дома повеќе од два дена, или луѓе кои заработуваат за живот со физички труд. Има и правило според кое оние кои пропуштиле неколку дена во време на постот, може да надоместат и по завршување на Рамадан - во било кој ден до почетокот на следниот месец на воздржување.

Фудбалските федерации на муслиманските земји бараат од муслиманските религиозни авторитети да ги разрешат играчите од репрезентациите за Рамадан особено ако селекцијата игра на Светско првенство.

Но велат дека играчите на Саудиска Арабија не барале такво разрешување и повеќето од играчите се држат до постот.

ГОЛМАНОТ КОЈ ГЛУМЕШЕ ПОВРЕДЕ ЗА НЕГОВИТЕ СОИГРАЧИ ДА ЈАДАТ ВО ВРЕМЕ НА ИФТАР

„ГЛАВНАТА ПОЛЗА ОД РАМАДАН Е ПСИХОЛОШКА“

Навивачите на Русија се свесни дека најголема опасност во средбите со Египет ќе биде Салах а против Уругвај Суарез и уште тројца-четворица фудбалери.

Што се однесува до Саудиска Арабија тие немаат многу ѕвезди но се спремаат за Мундијалот мошне посветено.

Во септември 2017 година пласман на Светското им обезбеди Холанѓанецот Берт ван Марвејк но фудбалската федерација отпуштила двајца негови помошници а него му замерувала што постојано живеел во странство а не во земјата каде работи.

Ван Марвејк добил отказ а неговиот наследник Рикардо Бауза изгубил три пати на пријателски средби и брзо го отпуштиле уште во ноември.

Тогаш за нов селектор го назначија Хуан Антонио Пици кој со Чиле освои Копа Америка и стигна до финалето на Куп на Конфедерации во Русија.

Хуан Антонио Пици - селекторот на Саудиска Арабија

„Пици го одбраа прво затоа што направи долгорочен и подробен план за развојот на фудбалот во земјата, од репрезентација па до детски фудбал. Од јануари до почетокот на Светското репрезентативците имаа толку собири што им се фатија три месеци со репрезентација. Толку не се спремаше ниту една друга репрезентација“, раскажал новинарот на Arab News Мохамед Фарук.

Рамадан исто се нашол во планот на Пици. Кога дознал дека многу играчи ќе постат тој ги сменил подготовките за играчите да имаат поголем ефект од воздржувањето од храна.

За сите фудбалери бил разработен специјален режим на исхрана уште на пар месеци пред почетокот на Рамадан. Притоа федерацијата ангажирала стручњаци за исхрана и за добар сон (тука ќе се потсетиме на историјата на Кристијано Роналдо кој спиел неколку пати во денот по половина час).

„Главна корист за секој играч кој пости е психолошката. Тој ќе направи се што од него бара религијата но во време на тренинзите благодарение на помошта на специјалистите ќе остане во додбра форма. Затоа фудбалерите кои постат се самоуверени на теренот. Најдобар пример за тоа е Мароканецот Абделазиз Аханфуф кои се прославил со единствениот хет-трик во кариерата за време на Рамадан а потоа изјавил: „Го држам постот максимално строго. На крај од краиштата и јас сакам да одам во рајот“.

Уште една потврда за зборовите на новинарот Фарук е и настанот со еден репрезентативец на Саудиска Арабија кој игра во Шпанија.

Се вика Салем Ал-Досари кој четири месеци бил резервен играч на клупата на Виљареал и се појавил на терен само 35 минути на последниот меч од сезоната - против Реал Мадрид.

Виљареал губеше 0-2, но по влегувањето на Ал-Досари живна а Саудиецот намести два гола за својот тим. Цело тоа време тој не изгуби ни мотивација, ни форма а дуелот со Реал се играше на петтиот ден од Рамадан.

Четврток 17 часот: Русија - Саудиска Арабија, отворање на Светското 2018.