Играа многу убав фудбал, а испаднаа први

Првата шанса за евентуален пласман во осминафинале Мароканците ја пропуштија против Иран кога си дадоа несреќен автогол во 95’ минута а вчера изгубија од Португалија иако играа подобро.

Испаѓањето на Мароко после второто коло е најголема неправда на Светското првенство досега.

Против Иран Мароко имаше 13 удари кон противничкиот гол, а против Португалија 15. Тоа е најдобриот учинок меѓу четирите репрезентации кои веќе се пласираа во следна фаза. Мароканците допуштиле и помалку шутеви кон својот гол за разлика од ривалите - 9 пати против Иран и 10 со Португалија.

На мечот со Иран Африканците 9 пати центрираа кон противничкиот гол а против Португалија 11. Новинарот Мајкл Калеј напиша дека во првото коло никој не вршел пресинг како Мароко.

Благодарение на пресингот на момците на Ренар Иран имал само 58% точни додавања а Португалија 71%. Против актуелниот европски шампион Мароканците 12 ја освоиле топката на противничка половина. Фудбалерите на Мароко често тргнуваа и во дриблинг. Во првото коло против Иран имаа 24 обиди за дриблинг од кои 10 успешни. Повеќе имала само Нигерија (28 обиди, 21 успешен) и Бразил (26 обиди 16 успешни).

Полушпицот Амин Харит одел во дриблинг често како Нејмар и притоа имал 10 обиди од кои 6 успешни (Нејмар имал еден помалку успешен).

И на двата меча Мароко имал подобра контрола на топка од ривалите - против Иран Мароканците имале посед на топка 67% а пртив Португалија 53%.

Против Иран Мароканците имале 113 додавања во финалната третина од теренот (61,9% прецизност) и дури 21 во шеснаесетниот (42,8% точни пасови). Од друга страна Иранците имале само 61 додавање на противничка половина (39,3% прецизни).

На средбата со Португалија капитенот Мехди Бенатија имаше 3 удари по успешни центаршути од игра и 1 по корнер. Главниот проблем на Мароко е отсуството на класичен шпиц. Против Иран стартуваше Ел Кааби а против Португалија Бутаиб (и двајцата имаа по 1 шут во рамки на противничкиот гол).

Бутаиб дал 12 гола во турската Суперлига 2017/2018 но не постигна ниту еден гол на Светското во првите две кола. Во офанзивата се уште и везните играчи Зиеш, Белханда, Харит и Амрабат но никој немаше директен шут кон противнички гол.

„Не сум разочаран од играта на својот тим. Задоволен сум. Горд сум на своите играчи. Горд сум на нашата земја, горд сум на нашиот стручен штаб. Тоа се работи со кои не можеш ништо“, изјавил Ренар после поразот од Португалија.

Мароко испаѓа но остави пријатни спомени.

21 јуни 2018 - 11:42