Таг: асистенции

Најјаките 10 асистенции на Лука Дончиќ досега во НБА

Откако одигра блескава сезона во НБА, изморен од толку баскет, не зема одмор туку отиде во Литванија да проба на турнир да победи со неговата Словенија и да обезбеди прво историско учество на Олимписки Игри. Успеа во тоа, а во Токио Словенците стигнаа до полуфинале. Уште ќе ги памтиме неговите асистенции од минатата сезона.

Никогаш доста од творештвото на Зидан

Зинедин знаеше да се потпише со топка. Навивачите уживаа во неговата дарба, а соиграчите имаа благодет да учат од таков генијалец.

Играа многу убав фудбал, а испаднаа први

Првата шанса за евентуален пласман во осминафинале Мароканците ја пропуштија против Иран кога си дадоа несреќен автогол во 95’ минута а вчера изгубија од Португалија иако играа подобро.

Теодосиќ ја покорува НБА со асистенциите

На мечот против Феникс Санс, кошаркарот на ЛА Клиперс Милош Теодосиќ демонстрираше дел од арсеналот на своите чудесни додавања: без гледање, меѓу нозе на противникот, преку цел терен. Клиперс ги победија Санси 108:95 а Милош имаше 6 поени, 5 скока и 8 асистенции - сите од шоуто „Харлем Глобтротерс“.