Теодосиќ ја покорува НБА со асистенциите

На мечот против Феникс Санс, кошаркарот на ЛА Клиперс Милош Теодосиќ демонстрираше дел од арсеналот на своите чудесни додавања: без гледање, меѓу нозе на противникот, преку цел терен. Клиперс ги победија Санси 108:95 а Милош имаше 6 поени, 5 скока и 8 асистенции - сите од шоуто „Харлем Глобтротерс“.

 

21 декември 2017 - 15:51