Таг: милош теодосиќ

Откачената асистенција на Теодосиќ која ја искоментира Дончиќ

„Не бев уште роден кога почна да ги прави овие додавања“, напиша Лука Дончиќ за лудиот пас на српскиот ветеран, на кој оние 36 години му се само бројка. Инаку Црвена Ѕвезда го доби Милано на гости во Евролигата со 76:62.

Теодосиќ го пцуе Аврамовиќ, а овој му враќа со бакнеж во рамо

Партизан ja доби Црвена Ѕвезда со 88:86 во 5. коло од Евролигата, во натпревар полн со пресврти. Во последните 10 минути од средбата Аврамовиќ блесна со 11 поени, а Теодосиќ промаши дури три слободни фрлања. Комедии беа на крај. Погледнете го погледот на Милош.

Што е со пасов на Теодосиќ?

Уште е нејасно како може ваков мозок да не биде дел од селекцијата на Србија на годинашното Европско. Погледнете му го додавањето на мечот против Алба Берлин. Па треба да му се извини тој што се посрамоти под кош.

Како Теодосиќ сам ги здроби Словенците и ја однесе Србија во финале

Европското првенство 2009-та, полуфинале меѓу Србија и Словенија. Драматичен двобој со продолженија на кој може да се види еден од најјаките репрезентативни перформанси на Милош Теодосиќ кој Пешиќ одлучи да го чкрте од овој Евробаскет. Постигна 32 поени од кои шест тројки. Во финишот игра немилосрдно.

Теодосиќ со песна и порака се прости од репрезентација

И покрај тоа што не е престарен и на 35 години игра на високо ниво во Виртус Болоња, Милош Теодосиќ не влезе во конечниот список на селектор на Србија, Светислав Пешиќ за Европското во кошарка кое стартува на 1 септември. Долгогодишниот капитен беше испратен од кампот на репрезентативците во кафански стил, со стихови во кои има порака.

Кошарката е убава игра, ама со Теодосиќ е уште поубава

Веќе трета година по ред, публиката на Болоња има привилегија во живо да ужива во магиите на 35 годишниот магионичар од Ваљево. Италијанскиот коментатор вели вака: Во цела планета ова може да го направат само Милош Теодосиќ и ептен мала група на други луѓе.

Тео пак направи чудесни трикови

Виртус Болоња изгуби 83:91 од Тренто, а Теодосиќ на тој натпревар буквално му ја сокри топката на Италијанецот Ладурнер зад грб. Тео го заврши мечот со 15 поени, 11 асистенции и 2 скока.

Во Италија се прераскажува новата магија на Теодосиќ

За време на дуелот на неговиот Виртус Болоња и Реџана во италијанската Серија А, Милош Теодосиќ направи противнички играч да не знае кај се наоѓа и да врти во круг.

Понижување во режија на Теодосиќ

Некој веројатно треба да ти згрежи нешто за вака да го убиеш во поим и да му го земеш паметот нели? Виртус Болоња го совлада Будуќност во Еврокупот со 20 разлика, а Милош се истакна со нов вонсериски потег еден на еден.

Магијата на Тео која стигна до НБА

Виртус Болоња убедливо со 20 разлика славеше во градското дерби со Фортитудо Болоња (71-91), а потегот на вечерта (слободно може да се каже на месецот) го имаше Милош Теодосиќ.

Што беше со асистенцијава на Теодосиќ?

Со 29 поени, 5 асистенции и 1 скок Милош Теодосиќ синоќа со неговиот Виртус Болоња го разби Локомотив Кубан на гости во Еврокуп. Тео ја имаше и асистенцијата на месецот. Во негов стил.

Ја видовте ли асистенцијата на Теодосиќ?

Виртус Болоња стигна во финалето на италијанскиот кошаркарски Суперкуп и таму изгуби од фаворитот Милано со 75:68. Милош Теодосиќ, лидерот на Болоњезите, од почетокот на турнирот играше одлично а луд момент имаше во полуфиналето против Динамо Сасари. Баш луд другари.

Дрзок дриблинг на Теодосиќ

Болоња се израдува на нов триумф во Еврокупот, на гости против Монако 72:81. Милош Теодосиќ постигна 25 коша, имаше 3 скока и 2 асистенции. Плус играч на мечот со потег на мечот.

Асистенција на Теодосиќ без да гледа

За Србинот ова беше една од четирите асистенции на мечот кој Клиперски го добија против Милвоки, а за коментаторот една од најдобрите за оваа година. Милош Теодосиќ поради повреда не влезе во второто полувреме, а во првото уфрли и 13 поени.

Теодосиќ ја покорува НБА со асистенциите

На мечот против Феникс Санс, кошаркарот на ЛА Клиперс Милош Теодосиќ демонстрираше дел од арсеналот на своите чудесни додавања: без гледање, меѓу нозе на противникот, преку цел терен. Клиперс ги победија Санси 108:95 а Милош имаше 6 поени, 5 скока и 8 асистенции - сите од шоуто „Харлем Глобтротерс“.

Она кога твоите ќе те фалат на родителска

Адриан Војнаровски важи за најголемиот познавач на состојбите во НБА и од неодамна пишува за ESPN. Но како обично бидува, и од големиот има поголем.

Европскиот Дејвид Коперфилд отиде во НБА

По неколку години перипетии, Милош Теодосиќ синоќа ставил потпис на 2-годишен договор со ЛА Клиперс вреден 12,3 милиони долари и конечно ќе се проба во најдобрата светска лига. Што може да очекува?

Магичните додавања на Теодосиќ

Селекторот на САД, Мајк Кшишевски неколку пати повтори дека најдобар плејмејкер во Европа е кошаркарот на ЦСКА Москва, Милош Теодосиќ кој беше најзаслужен што неговата репрезентација го освои сребрениот медал на ОИ во Рио.

САД неприкосновени, Дурент ги водеше до ново злато на ОИ

Американската кошаркарска репрезентација стигна до неверојатното 15-то кошаркарско злато, а трето последователно откако вечерва со 30 поени разлика ја победи сребрената Србија 96:66 (19:15, 33:14, 27:14, 17:23).

Како денес би изгледала кошаркарската репрезентација на Југославија

Ако се погледнат имињата кои ова поднебје ги извади во последните неколку години, тогаш е сигурно дека една заедничка кошаркарска селекција ако ништо друго барем би можела да му парира на Дрим Тимот во големите финалиња и во Европа да биде најдобра.

Осум необични факти за ЦСКА Москва

Новиот шампион на Европа, ЦСКА Москва конечно после неколку обиди стигна до седмиот трофеј на завршниот турнир. Од таа причина Евролига издвои осум помалку познати податоци за Московјаните.