- Теодосиќ го освои пехарот дури во третото финале на Фајнал Фор. Претходно губеше во финалето 2010 како член на грчки Олимпијакос и со ЦСКА загуби финале во 2012. година.
- Димитрис Итудис, долгогодишниот соработник и помошник на Жељко Обрадовиќ во ПАО е вториот грчки тренер во историјата кој ја освоил Евролигата. Пред него пехарот го крена само уште Јоргос Барцокас, пред три години со црвено-белите од Пиреа.
- Виктор Владимирович Хријапа, Андреј Воронцевиќ и Никита Курбанов во Берлин ја освоија втората евро-титула со ЦСКА. Хријапа и високиот Воронцевиќ славеа и во 2008. година во Мадрид, а Курбанов две години претходно во 2006. година го крена пехарот со Армејците.
- Витали Фридзон и Нандо де Коло успеаа да ги комплетираат трофеите во Евролигата и Еврокупот. Покрај нив, со такво нешто може да се пофалат уште 11 играчи. Фридзон го освои Еврокупот 2012 со Химки од московскиот регион, а Французот до пехарот во Еврокупот дојде со Валенсија во 2010. година.
- Нандо де Коло, МВП-то (најкорисниот играч) на финалето е само вториот француски играч кој во последните 15 години се качил на врвот на Европа. Пред него тоа му успеа на Антоан Ригодо' во 2001 година кога со Киндер ја освои Евролигата. Де Коло во полуфиналето на овогодинешниот Ф4 имаше 30 поени, 3 скока и 4 асистенции против Локомотив Москва. Во неделното финале против Фенербахче, францускиот репрезентативец постигна 22 поени, 7 асистенции, 3 украдени топки (10 во продолжението 8/8 од слободни) за индекс 26 и заслужна награда МВП.