Стефан Марковиќ (Уникаха, репрезентација на Србија)
Плејмејкерот на селекцијата која што на убедлив начин обезбеди пласман на Олимписките Игри во Рио е потценета фигура. Марковиќ речиси никогаш не може да се пофали со фасцинатни статистики, но неговото присуство на паркетот на неговиот тим му носи сталоженост и одемерено темпо. Од таа причина тој е идеален партнер на Милош Теодосиќ.
Марио Хезоња (Орландо, репрезентација на Хрватска)
Младиот Хрват се уште не успеа да го покаже својот раскошен талент преку океанот, но и покрај тоа неговиот атипичен атлетизам и арогантните дриблинзи потсеќаат на легендарниот Дражен Петровиќ. Сигурно би имал место во репрезентацијата на Југославија.
Богдан Богдановиќ (Фенербахче, репрезентација на Србија)
Младиот Србин ја имаше таа среќа после Вујошевиќ да работи со Жељко Обрадовиќ и денес може да се каже дека е подготвен за НБА. Богдан е разновиден играч - не е само снајперист, туку со својата брзина им помага на соиграчите да ја изнесат топката од својата половина и што е најважно не се плаши од одговорност и не бега од топка на крајот. Минус можеби му е избрзаниот шут, но тоа е процес на зрелост.
Мирза Телетовиќ (Феникс, репрезантација на Босна и Херцеговина)
Лидерот на Босанците и некогаш еден од најдобрите шутери во Евролигата добро се снајде во Милвоки Бакс. Иако имаше здравствени проблеми, на 30 години денес тој би бил движечка сила на евентуална репрезантација на Југославија.
Никола Пековиќ (Минесота, репрезентација на Црна Гора)
Еден од најмоќните центри во НБА во последните неколку години мака мачи со повредите. Присуството на брзо растечките младинци во Минесота му ги закомпликуваа шансите на Пекмен, но ако ви треба силен центар кој би разбивал противничка одбрана, подобар кандидат од него тешко би нашле.
Горан Драгиќ (Мајами, репрезентација на Словенија)
И покрај сите сложни работи што го следеа во Хит со кој лани потпиша договор, Драгиќ се смета за најбистриот европски кошаркар во моментов. Сигурно би бил лидер на некоја заедничка селекција во регионов.
Зоран Драгиќ (Химки, репрезентација на Словенија)
На Евробаскетот, Драгиќ помладиот покажа дека може да уфрли поени кога е најпотребно за својата репрезентација. Во Химки наиде на тежок период на адаптација.
Дарио Шариќ (Филаделфија, репрезентација на Хрватска)
Новиот Тони Кукоч кошаркарското образование го стекна во школата на Душан Ивковиќ и како најдобар европски играч замина во сончевата Филаделфија.
Перо Антиќ (Фенербахче, репрезентација на Македонија)
По успешната авантура, првиот Македонец во НБА се врати во Европа и докажа дека и покрај возраста уште не ја изгубил преноста која го краси - шутот за три поени и жилавоста под кошот. Во САД и натаму го следи репутацијата „Tough guy" поради настанот со њујоршката полиција, но во Европа и натаму е многу уважуван и ценет.
Анте Томиќ (Барселона, репрезентација на Хрватска)
Анте го жртвуваше патот во НБА за статусот најдобар центар во Европа и сигурно би бил во првата петорка на евентуална репрезентација на Југославија.
Никола Вучевиќ (Орландо, репрезентација на Ц. Гора)
По учество во трејдот на тешкашот Двајт Хауард, центарот на Орландо се претвори во играч кандидат за настап на Ол Старот. Важи за еден од најнадарените кошаркари од овие простори кои заминале во НБА. Често е во служба на екипата и ретко кога работи на својата статистика.
Немања Бјелица (Минесота, репрезентација на Србија)
Некогашниот МВП на Евролигата уште на првиот меч во НБА докажа дека може да еднакво добро да игра на три позиции во тимот. Поради повреда ќе ја пропушти Олимпијадата во Рио.
Бојан Богдановиќ (Бруклин, репрезентација на Хрватска)
Хрватскиот Пол Пирс како го викаат во НБА е главен играч на франшизата која од безнадежна, со него стана претендет за високо место. Важи за еден од најдобрите европски кошаркари.
Милош Теодосиќ (ЦСКА Москва, репрезентација на Србија)
По многумина, капитенот на српската репрезентација е најдобриот играч на светот кој не игра во НБА. Многуте награди, освоени титули, медали на светски и европски првенства како и освојувањето на Евролигата го прават најдобар играч на стариот континент.