Се работи за Куп натпревар помеѓу Рабат и Магреб, на кој повторно работите излегуваат од контрола, а сцените за жалење се случуваат по последниот судиски свиреж.
Навивачите на воениот клуб Рабат, инаку елиминиран на домашен терен, тргнаа на јуриш за да ги нападнат гостите, но на патот има застана полицијата која и покрај тоа што е во голем број и добро опремена, малку чудно, ама го свитка опашот.
Полицискиот билтен е доста богат.
„160 лица, меѓу кои 90 малолетници, беа уапсени за нивната наводна вмешаност во акти на насилство, за поседување ножеви, пијанство, фрлање камења, предизвикувајќи материјална штета и запалување возило. Меѓу повредените изброивме 103 припадници на полицијата и 57 навивачи.
Покрај физички погодените, значителна е и материјалната штета. Запален е мотоцикл, а штета претрпеа и 33 полициски и приватни возила“, стои во соопштението за печатот на Генерален директорат за мароканска национална безбедност (DGSN).
Дисциплинскиот комитет на Мароканската фудбалска федерација најавила итен за да ги одреди казните.
Погледнете на што личи стадионот
Нечовечната навивачка пресметка во Мексико со најмалку 17 жртви