Нечовечната навивачка пресметка во Мексико со најмалку 17 жртви

Мексиканскиот фудбал повеќе личи на фудбал, отколку на војна, ако се суди по инцидентот кој се случи викендов. Властите официјално известуваат за 22 повредени и 9 хоспитализирани, а локалните медиуми тврдат дека има минимум 17 мртви. Работите до толку излегле од контрола, што тренерот на домаќините со помош на играчите, засолнувал гостински навивачи во соблекувална.

Ненормалните сцени доаѓаат од мечот меѓу Керетаро и Атлас, а хаосот избувнал во второто полувреме кога домашните навивачи преку најразлични порти, стигнале до гостинскиот сектор и почнале да ги напаѓаат сите кои им се појавиле на пат.

Генералниот директор на Керетаро, Адолфо Риос, откри дека си го ризикувал животот обидувајќи се да ги заштити навивачите нападнати во боксот на стадионот Ла Корегидора и смета дека насилниот настан изгледа бил претходно организиран.

„Тоа беше проблем кој детонираше, се чинеше дека имаше ситуација на договор, за точно една минута од играта да може да се активира неконтрола како што беше детонирана. И токму поради тоа немаше можност за реакција“, изјави Риос во интервју за TUDN.

На социјалните мрежи постојат тврдења дека улога во тоа имала и полицијата. На ова видео може да се забележи како за време на брканиците, полицаец дреме на телефон како ништо да не се случува.

Видео на кое тренерот на Керетаро им овозможил на навивачите на Атлас да се сокријат во соблекувалната на играчите.

Слики и видеа од ужасот

Навивачка на Атлас сведочи за загинат пријател.

Навивачите на Атлас собрале околу 1.100 американски долари за да им помогнат на тие што имаат потреба од лекување.

За навивачите на Атлас се молат и навивачите на Чивас. Ривалството меѓу двата тима од Гвадалахара е ставено на страна.

Лигата во моментов е прекината. 

7 март 2022 - 11:49