Навивачите се декор без кој не може да се одржи едно Светско првенство. На Хрватицата Ивана и фалеа уште лајкови и фанови, а на Мохамед нови заби. И двајцата среќни и задоволни заминуваат од Катар.
Во ек на мирно Светско првенство во Катар, вакви се бараат, а не тоа гадостите со Французите и Мароканците кои ќе се заколеа синоќа во неколку француски градови. Пазете ја оваа појава во Аргентина откако заверија финале.
За Ашраф и Килијан ова не беше баш посакувано полуфинале. Тие се неразделни клупски другари кои функционираат перфектно во ПСЖ и кои се навикнати заедно да победуваат. Плус врсници се, Мароканецот е постар само месец и пол. Едниот мораше да го теши другиот, а на крај си ги разманија дресовите.
Во прво коло Саудиска Арабија ја победи Аргентина, арно ама Аргентина ќе игра во финале. Да провериме убаво во архивите може типов бил во Палермо и Дуисбург и навивал за Македонија.
Од славјето за пласманот на Франција во финале и бесот поради елиминацијата на Мароко, произлегоа многу инциденти и тоа во неколку француски градови. Во нередите загина 14 годишно дете.
Од тоа што го прави овој човек за фудбалот, кој 15 години го игра на врвно ниво, може да се издаде книга само со негова статистика во која е рекордер, веќе по кој знае по колку параметри. Внимавајте сега на овој.
За разлика од четвртфиналето против Холандија кое мина со многу набој и провокации и кога еден смирен лик како Меси на сред интервју му довикуваше „глупчо“ на Вут Вегхорст, полуфиналето мина во поинакво расположение. Убави гестови се ова.
Големата победа на Аргентина над Хрватска се славеше и на кошаркарскиот меч од Евролигата меѓу Црвена Ѕвезда и Жалгирис. Причината е Аргентинецот Лука Вилдоза.
По осум години, Аргентина се враќа во мундијалско финале, шесто во историјата, второ со Меси. За светскиот трон мечтаат уште од 1986-та со Марадона. Главниот град синоќа се тресеше. Еуфоријата им е до плафон.
Иако делува смирен и сталожен, а водството со пеналот на Меси го проследи ладен како шприцер, Лионел Скалони како да почнува да сфаќа како почнаа, а до каде стигнаа. На старт пораз од Саудиска Арабија, за на крај да стасаат до финале. Кога се гушнаа со имењакот, не издржа да не заплаче.
Големата надеж на Хрватска и член на Лајпциг, кој на 20 години одигра фантастичен деби Мундијал, не успеа да излезе на крај со човекот кој и на 35 години е оса. Брилијантната игра на Меси еден на еден со Гвардиол, беше клучна за третиот гол на Аргентинците кога му асистираше на Алварез.
Заврши хрватската бајка на Модриќ и другарите кои немаа сили и моќ за уште едно второ мундијалско финале во низа. Аргентина со убедливи 3:0 ги скроти незгодните Хрвати кои после сензацијата над Бразил беа со големи апетити. Ново блескавно издание на Меси кој беше незадржлив со гол и асистенција. Го сруши рекордот на Батигол и стана најдобар аргентински стрелец на Светските првенства со 11 гола.
За 20 годишниот Лука ова е репрезентативно деби, за 18 годишниот Лео деби репрезентативен гол. Хрватска и Аргентина се среќаваат на пријателска на 1 март 2006-та во Базел. 16 години подоцна, само они двајца играат уште за своите земји.
Се бројат часовите пред големото полуфинале Аргентина - Хрватска од кое навивачите и на двете репрезентации имаат големи очекувања. Забавата веќе почна со атрактивната Хрватица.