Кога ќе погледнете кои сè играчи биле тогаш дел од овие две репрезентации, ќе сфатите колку изгледа некако ова далечно, а 35 годишниот Меси и 37 годишниот Модриќ уште не се даваат и играат на високо ниво.
Тоа е Хрватска со Шимиќ, Тудор, Срна, Крањчар, Ковач, Пршо, Олиќ и Аргентина со славните Тевез, Креспо, Рикелме, Камбиасо, Милито, Аимар, Самуел.
Публиката во Швајцарија освен што имала привилегија да гледа големи имиња, веќе по 6 минути игра броела три гола. Резултатот во отвора Класниќ, а набрзина возвраќаат Тевез и младата надеж на Барселона Лео Меси кој се гледа уште на 18 години од каков материјал е.
Мрежите мируваат до 52-ра минута кога израмнува Дарио Срна, а бекот на Милан, Дарио Шимиќ во 92-ра минута става точка на мечот за победа на Хрватска од 3:2.