„Аргентина, Аргентина, Аргентина“ се ореше во салата Пионир во Белград од страна на навивачите на Ѕвезда.
Тие се радуваа на шестата победа по ред во Евролигата, а паралелно скандираа и за Аргентина во чест на Лука Вилдоза, кој веројатно нема да ја забори оваа за него кошаркарско - фудбалска вечер.
Беше херој на триумфот со 27 поени, а истовремено мотивација плус му беше тоа што навивачите ја бодреа неговата земја.
Дури и официјалниот спикер на мечот соопшти дека Аргентина на полувреме има водство од 2:0 против Хрватска.