За Ашраф и Килијан ова не беше баш посакувано полуфинале. Тие се неразделни клупски другари кои функционираат перфектно во ПСЖ и кои се навикнати заедно да победуваат. Плус врсници се, Мароканецот е постар само месец и пол. Едниот мораше да го теши другиот, а на крај си ги разманија дресовите.