„Последната работа што сакам да ти ја кажам не е прашање. Доаѓа мундијалското финале и се разбира дека сите ние Аргентинци сакаме да го освоиме. Но без разлика на резултатот, има нешто што никој не може да ти го одземе, а тоа е што се поврза со секој Аргентинец. Сериозна сум. Нема дете кое не го сака твојот дрес без разлика дали е оригинален или не. Вистината е дека остави трага во животите на сите и тоа за мене е поголемо од освојување на Светско првенство. Ова е мојот начин да ти се заблагодарам за целата радост која им ја носиш на толку многу луѓе. Се надевам дека овие зборови ќе допрат до твоето срце, бидејќи навистина верувам дека сето тоа е поважно од освојување на СП. Ти благодариме капитену“.