Трето полувреме меѓу Французи и Мароканци, има и жртва

Од славјето за пласманот на Франција во финале и бесот поради елиминацијата на Мароко, произлегоа многу инциденти и тоа во неколку француски градови. Во нередите загина 14 годишно дете.

Откако светскиот првак го победи Мароко со 2:0 и обезбеди второ мундијалско финале по ред, во Франција настана хаос.

Со оглед на тоа што таму живеат многу Мароканци, околу 10.000 полицајци беа ангажирани низ цела земја за да го одржуваат редот меѓу поддржувачите на двете селекции од кои само 5.000 во Париз и регионот.

Групно следење на полуфиналниот натпревар имаше во повеќе градови како Лион, Бордо, Марсеј, Лил, а најлошите вести доаѓаат од Монпеље каде загинало 14 годишно момче.

Во соопштението од локалните власти стои дека во него силно удрил автомобил по што веднаш го пренеле во болница, но не успеале да го спасат.

Француските медиуми пишуваат дека само во Париз се уапсени скоро 200 навивачи.

МОНПЕЉЕ

ЛИОН

МАРСЕЈ

А и во Брисел не беше мирно каде исто така живеат многу Мароканци

15 декември 2022 - 08:37