Јапонија не е повеќе дел од Светското, настапите ги заврши во осминафинале, ама уште фасцинира со потезите.
И покрај тоа што не се на терен, еве ги со нова фудбалска лекција од која може да учат сите.
Внимавајте само до каде одат со заблагодарувањето за успехот на Мундијалот во Катар. Тој не е адресиран само до фудбалерите и стручниот штаб, туку малку подлабоко.
Клубовите и школите кои ги развивале играчите на возраст меѓу 11 до 21 година, кои настапија на Светското, од Јапонската фудбалска федерација ќе добијат награда од вкупно 75 милиони јени (550.000 долари) или по играч 2.200 долари годишно.
The clubs and schools who developed Japan's #FIFAWorldCup squad between the ages of 11 and 21 will be receiving a payout totalling ¥75 million ($550k) from the Japan Football Association - ¥300k ($2,200) per player per year enrolled. https://t.co/KasriTFyE0
— Dan Orlowitz (@aishiterutokyo) December 15, 2022
Каков фасцинантен гест е ова, произлезен од еден ненадминлив систем кој го имаат само Јапонците.
Плус стимулација за сите клубови и школи од цела земја и натаму да произведуваат таленти кои би биле идни јунаци на репрезентативниот фудбал.
Јапонија блесна и на терен и надвор од него. Избраниците на Хаџиме Моријасу кои со Коста Рика се очекуваше да бидат аутсајдери во група со двата поранешни светски прваци, завршија први во група.
Во второ коло загубија од Коста Рика, ама затоа направија сензација против Германија и Шпанија со идентични победи од 2:1. Цехот го платија Германците со елиминација.
Во осминафиналната фаза пак беа повторно извонредни и го изнамачија вицешампионот Хрватска дури до изведување пенали.
Да не зборуваме пак за културата на нивниот селектор кој им се поклони на навивачите за поддршката, за играчите кои ги чистеа соблекувалните и навивачите кои собираа ѓубре на трибините.
И се поклонуваме на федерацијата за потегот.
Јапонија е посебна приказна која привлекува симпатии и тоа не само кај неутрални навивачи.
Јапонската култура стаса во Катар уште првиот ден
Педантните Јапонци ги направиле аптека соблекувалната и трибините
Селекторот на Јапонија им се поклони на навивачите за поддршката
Прекрасен пречек на аеродром за јунаците кои ги срушија Германија и Шпанија