Јапонија заминува од Катар со крената глава, бидејќи успеа да ги победи поранешните светски прваци Германија и Шпанија и како првопласирана да оди во нокаут фазата.
Јапонците одиграа одличен и многу борбен натпревар против Хрватска, имаа водство во првиот дел и водеа лавовска 120 минутна битка која ја загубија на пенали.
Освен што остварија силен впечаток на терен, Јапонците повторно се истакнаа со својата култура и после секој меч играчите ги чистеа соблекувалните, а навивачите собираа ѓубре на трибините.
Како круна на прекрасното однесување, селекторот Хаџиме Моријасу по поразот од Хрватска им се поклони и им се заблагодари на сите навивачи кои дојдоа да им дадат поддршка во Катар.
Japan manager Hajime Moriyasu bowed in appreciation to the fans who traveled all the way to Qatar to support their team 🇯🇵
— ESPN FC (@ESPNFC) December 5, 2022
Respect! ❤️ pic.twitter.com/zokP53cCoC
Japan manager Hajime Moriyasu bows to the fans to thank them for their support 👏 pic.twitter.com/kCTG6VOoix
— GOAL (@goal) December 5, 2022
Јапонската култура стаса во Катар уште првиот ден
Педантните Јапонци ги направиле аптека соблекувалната и трибините