На аеродромот Нарита во близина на Токио имаше турканици и фрчеа блицеви кога се појавија момците кои изгинаа за јапонскиот дрес на секој натпревар.
Јапонија по четврти пат во историјата стигна до осминафинале на Светско првенство, но за прв пат два пати по ред.
Предводени од селекторот Хаџиме Моријасу и капитенот Маја Јошида, јапонските репрезентативци ги пречека голема топла на навивачи.
„Со индивидуални вештини и тимски напор, нашите играчи докажаа дека можеме да бидеме конкурентни на глобалната сцена“, изјави јапонскиот селектор.
На прашањето, која сцена на Светското првенство му оставила најголем впечаток, Моријасу рече:
„По натпреварот со Хрватска, се сеќавам на шокираните лица на нашите играчи, некои од нив плачеа, покажувајќи ја својата фрустрација. Тие ме натераа да мислам дека Јапонија еден ден ќе го надмине осминафинале“.
Јапонија го заврши Мундијалот откако во нокаут фазата загуби од Хрватска на пенали.