Легендите во Катар за Синиша

Роберто Карлос, Кафу, Кака, Роналдо, Тоти, Дел Пјеро, Матераци, Занети, Трезеге, Виери, Стоичков, Дрогба, Касиљас, Пујол, Џоркаеф, Џон Тери, Гути, Снајдер...

Веста за смртта на Михајловиќ ги затегна овие легенди непосредно пред ревијалниот меч во Катар насловен како „Купот на легендите“.

Сите се собраа во еден круг и се прегрнаа за да му оддадат почит на легендарниот српски играч и тренер кој остави голем белег во фудбалот.

Пред стартот на мечот на дресовите со маркери го напишаа неговото презиме како и бројот 11.

Синиша Михајловиќ три години водеше битка со леукемија, но вчера ја загуби и почина на 53 години. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sportske.net (@sportskenet)

Хет-трикот на Михајловиќ од слободен удар во дресот на Лацио

 

17 декември 2022 - 10:27