Хет-трикот на Михајловиќ од слободен удар во дресот на Лацио

За слободни удари му немаше рамен. Тоа беше негова специјалност. Доктор. Кога се местеше да шутира, живиот ѕид крадеше од линијата, а на голманите гаќи им се тресеа. На 13 декември 1998-ма Лацио ја пречекува Сампдорија дома и ја испраќа со пораз од 5:2. Синка им даде три, сите од слободен удар. Нешто невидено и неповторено во фудбалот и после 24 години.

16 декември 2022 - 16:11