Меси е повторно на тронот, Аргентина е кралица на Копа Америка

Жешка спортска недела со големи финални битки. Вимблдон е за Карлос Алкараз, ЕП за Шпанија и на крајот после 3 часот по полноќ по европско време, Аргентина ја освои Копа Америка.

Неприкосновената Аргентина која во последните 5 години има само 2 порази, остана на тронот во Копа Америка.

Бандата на Скалони практично го одбрани трофејот и стана рекордер со 16 трофеи во јужноамериканското континентално натпреварување.  Уругвај го остави на 15, а Бразил има 9.

Со овој триумф, Аргентина која е во страшна серија од 62 победи, 14 нерешени и само 2 порази стигна до четвртиот триумф во изминативе четири години.

Копа Америка 2021, Светско првенство 2022, Финалисима 2022 и Копа Америка 2024.

Ноќеска работата ја заврши Лаутаро Мартинез со гол во 111 минута после нерешените 0:0 во регуларниот дел.

Меси одиграа 66 минути, а потоа мечот го следеше од клупа во плач и со отечен зглоб. Се повреди сам.

15 јули 2024 - 07:34