Меси упропасти паненка, но за пенали херојската задача е на Емилиано Мартинез

Можеби е луд, но оди смени го да те видам од голманска позиција. Пред две години ја промени цела фудбалска историја на Аргентина и еве го пак е јунак.

На часови пред првите две големи четвртфинални пресметките на ЕП 2024, во Копа Америка се одигра првата четвртфинална средба.

Победник е Аргентина, поразен Еквадор на пенали кои Меси невообичаено ги почна со утка, но тука е Емилиано Мартинез на кој треба споменик да му подигнат, ако веќе и не му направиле после Катар.

Светскиот првак го отвори резултатот со голот на Лисандро Мартинез, но не го сочува водството во судиското продолжение и Еквадор дури во 91-ва минута се избори за пенали.

И тоа директ на пенали, во Копа Америка нема пењавење два пати по 15 минута, идеја која требале да ја применат и на Европско. Еквадорците тоа можеа да го сторат и порано од пенал, но Валенсија го промаши.

Пеналите завршија 4:2. Прв промаши Меси, но потоа Мартинез одбрани две по ред. Доктор е за пенали.

35 минута 1:0, Лисандро Мартинез 

62 минута, утка на Енер Валенсија од белата точка

91 минута 1:1, Кевин Родригез

Пеналите

Последните два пенали и славјето

Ако уште не е јасно кој е прогласен за играч на мечот

Го тешеше противничкиот голман