Во два доверливи извештаи околу работата на швајцарската банка, објавени од американскиот Сенат, се тврди дека Свис до 2002 држела отворена сметка на нацистички командант осуден во Нирнберг по војната.
Друга сметка што била активна и во 21-от век, била на аргентински функционер поврзан со нацистите, кој бил коминтент на Свис банк се до 2020.
Во извештајот објавен од Комитетот за буџет на американскиот Сенат пишува дека во Кредит свис по 1945 се отворени 70 аргентински сметки со можна поврзаност со нацисти пребегани во Аргентина, а најмалку 14 од нив останале активни и во 21 век.
Во 2020, Симон Визентал центарот објавува дека нивната истрага во Аргентина открила список на 12.000 нацисти од времето на војната кои живеат во земјата. Според Центарот, многумина од нив ставиле пари „во една или повеќе банкарски сметки во Швајцарише Кредитанштал“ претходниот на Кредит Свис.
Еврејски активисти со години тврдат дека швајцарската банка одиграла далеку поголема улога во помагање на Третиот рајх и неговите највисоки функционери отколку што се мисли, и дека таа се уште чува пари кои нацистите ги имаат украдено од еврејските жртви за време на Втората светска војна.