Меси - Алварез и Аргентина е во финале

Само три часа по радоста на Шпанија која се пласираше во финалето на ЕП и Светскиот првак ја мина полуфиналната пречка, а тоа значи дека ќе ја брати титулата во Копа Америка.

И кога сме кај Шпанија и Аргентина, интересно и двете селекции ја минале групната фаза на ЕП и Копа Америка со 3 од 3 и гол разлика 5:0.

Потоа на ЕП се игра осмина, а во Копа Америка се оди директно во четвртфинале. Таму Аргентинците го минаа Еквадор на пенали, а ноќеска од 2 по полноќ и Канада со конечни 2:0.

Во финалето кое исто така се игра на 14 јули како на Европското ќе се соочат со подобриот од дуелот Уругвај - Колумбија.

Статистиката на светскиот првак во изминативе 5 години и страшна: 45 победи, 14 нерешени и само 2 порази. Замислете, имаат повеќе трофеи од порази.

Меси стана втор играч во историјата со гол постигнат на 6 изданија во Копа Америка, а воедно стана и втор најдобар стрелец во репрезентативен фудбал.

10 јули 2024 - 07:14