Шпанија до светска титула со гол во 106 минута во финале за заборав
По пауза од 16 години, селекцијата на Шпанија стигна до светскиот трон и тоа само две години откако ја освои Европа. Титулата е целосно заслужена. Аргентина не одигра ништо. Финалето го заврши без ниту еден удар во рамки на гол и тоа во 120 минути фудбал. Црвен картон за Енцо Фернандез во 93 минута. Гол за историја на Феран Торес во 106 минута. Финале за паметење беше Катар 2022. Ова нè измачи.