Таг: сп 2026

Телевизијата ги победи телефоните во Шпанија за време на финалето

Соочени со пораст на стриминг платформи популарни веќе со години, националниот тим на Шпанија покажува дека сè уште постојат настани кои успеваат да ги зближат сите генерации на едно место, а тоа е телевизорот.

Уште Трамп им фали

Пародија од најинтересните моменти од мундијалското финале и тоа со деца, кои одлично се снаоѓаат во улогите.

Единствениот македонски новинар на Мундијалот

Македонија ја немаше на Светско. Пречка во бараж полуфиналето беше Данска. Но, Македонија сепак имаше свој претставник таму. Тоа е Мијалче Дургутов. 10 од 10 има.

Во бекстејџ со Роналдо, Роналдињо и Мадона

За време на полувремето од финалето на Мундијалот, организаторот направи интересна спојка. На Мадона и се приклучија две бразилски икони.

Акцијата која ќе се врти низ мундијалската историја

Ламин Јамал - Педро Поро - Нико Вилијамс - Феран Торес = светска титула за Шпанија. Ова се тие клипови кои ќе имаат вредност и после 100 години.

Кабо Верде на крај излегоа мангупи

Погледнете ги резултатите на Шпанија, за да го сватите насловот. Кабо Верде или Зеленортски Острови беа единствената пречка за светските прваци. Неверојатно. Дебитантите со број на жители помалку од Скопје, во група не загубија од никој и згора на сè стигнаа до нокаут фаза. Таму пак не загубија ниту со минатиот светски првак во 90 минути и поклеткаа дури во продолженијата.

Аргентинците пречекани како шампиони

Победувале или губеле, за нив фудбалот е над сè. Некој да нема појма како заврши финалето, после клипов ќе мисли дека Аргентина е светски првак. Го развеселија и Скалони. Прекрасни сцени.

Што закопа Кукуреља во тревата пред финалето?

Имаме клип од момент кој беше незабележителен за време на преносот. Марк Кукуреља се доближи до аут линијта, извади нешто од чорапата и го закопа во тревата. Се работи за паричка за среќа. Тоа го сторил Жоан Капдевиља пред финалето 2010-та и сега истото го побарал од Кукуреља. Имаме план за 2030-та, вели светски шампион во пензија.

Се молат патниците за внимание, пилотот има нешто да соопшти за финалето

Глупо е да имаш купено авионска карта во термин кога се игра финале еднаш на четири години. Пилотов мангуп со соопштувањето на новиот светски првак: „Оние кои имаат дрес со само една ѕвезда ќе мора да купат уште една.“

Кој ви беше најјак гол на Светското?

ФИФА номинираше 12 комада. Почнува гласањето. Вас кој ви направи најголем ќеиф?

Кај ќе го смириш тој темперамент со пар реченици бе Лео?

Секогаш е интересно да се слушне нешто од зад сцената, особено кога збор имаат иконите како Меси. Ова е моментот пред Аргенците да излезат на терен. Сите молчат, а капитенот повторува те едно исто, бидејќи одлично знае какви немирни карактери има во соблекувална.

Лудило во Мадрид, 2 милиони луѓе излегоа по улици

Шпанија е во транс. Светските прваци се вратија дома, а проценките се дека во Мадрид ги пречекале околу 2 милиони луѓе. Шампионската парада според традицијата се одвиваше со панорамски автобус на кој стрелецот на голот во финалето Феран Торес се појави со капче „Make Spain great again“. Прославата продолжи организирано на бина, каде се појавија шампионите, а беа пречекани и во Кралската палата.

Како почна тепачката после финалето?

Пргави се Аргентинците, а играат валкано, дури и кога судијата ќе свирне крај. Така уствари почнала мешаницата, тупаниците и турканиците. Оваа камера го покажува тоа. Молина без никаква причина го удира Родри.

Што ли промаши Симеоне во 121 минута?

Аргентина беше мртва, посебно во второто полувреме, ама многу малку фалеше финалето да влезе во драма ипол која се вика пенали. Џулиано Симеоне ја имаше шансата, ама ја отера во трибини.

Главата за земјата

Лионел Меси беше во аут финалево, како и цела Аргентина. Кога во 117-та минута конечно се најде во ситуација да го загрози голот, Микел Мерино му се постави пожртвувано за да го спаси голот. Не помина баш добро.

Емоциите на светските прваци од близу

Снимателот кој работи за Шпанската фудбалска федерација, влезе на терен само што Шпанија ја заврши работата против Аргентина. Ова се драгоцени историски моменти за архива.

Статистика со која не се добива финале на Светско

Аргентина дефинитивно не беше истата од минатиот Мундијал. Но, и не беше толку лоша во текот на првенството, како во финалето. Тргна убедливо со 3/3 и гол разлика 8:1. Во нокаут фаза се помачи по 120 минути со Зеленортски острови и Швајцарија, но против Египет и Англија покажа страшна упорност, сила и карактер.

Шпанија ја мина Англија, а ја стигна Франција

Само осум земји се имаат израдувано на мундијалскиот трофеј. Шпанците стигнаа до втората титула, со која ја поминаа Англија, а ги стигнаа Франција и Уругвај.

Братска фотка за историја и мерак на душата

Братот на Јамал има само три години. Кога ќе потпорасне и кога ќе тргне во школо ќе свати каква фотографија е овековечена од него и брат му. Од кавер нема да ја мрдне. Ама треба да му текне на човек, а во цела таа еуфорија на славење и гушкање, на Ламин му текна.

Си биле Аргентинец и Максиканец во финалето

Јак момент е уловен на трибини за време на мундијалското финале. Аргентински навивач му се сипа на Мексиканец зотоа што навива за Шпанија, а овој ни два ни три, црвен картон му извади. Цар.

Шпански коментаторски врисок на голот вреден светска титула

Шпанија нека ги урами броевите 116 и 106. Првиот број е минутата во која Иниеста во 2010-та ја нокаутираше Холандија, втората е на Феран Торес. Две светски титули и двете освоени во продолженијата. Слушнете ја реакцијава на голот.

Паредес се степа со Ерик Гарсија и Гави, Ајала му влезе со бокс на Дани Олмо

На Славко Винчиќ му се отвори работа и по последниот судиски свиреж. Аргентинската крв зовре на крајот, а во центарот на вниманието беше Леандро Паредес кој влезе во клинч со Шпанците. На камера е фатен уште еден тепач, а тоа е помошникот на Скалони, Роберто Ајала. Аргентинците не можеа да се помират што не ја одбранија титулата.

Со него нема разбирачка, пак остана на бина со шампионите

Една година откако беше десно сметало во друштво на светски клупски првак Челси, Доналд Трамп го повтори киксот и сега за век векова ќе биде дел од видеата и фотографиите направени со светскиот првак Шпанија. Родри се обиде да му укаже дека не му е таму местото, потоа и Џани Инфантино. Не бре брате. Како на ѕид да му збори човек.