Таг: сп 2026

Шпанија до светска титула со гол во 106 минута во финале за заборав

По пауза од 16 години, селекцијата на Шпанија стигна до светскиот трон и тоа само две години откако ја освои Европа. Титулата е целосно заслужена. Аргентина не одигра ништо. Финалето го заврши без ниту еден удар во рамки на гол и тоа во 120 минути фудбал. Црвен картон за Енцо Фернандез во 93 минута. Гол за историја на Феран Торес во 106 минута. Финале за паметење беше Катар 2022. Ова нè измачи.

Резултатот во финалиња е 2:7

Селекцијата на Шпанија има одиграно и победено само едно мундијалско финале во историјата. Она во Јужна Африка кое го реши Иниеста во 116 минута. Аргентинците имаат три освоено и три загубено.

Реакцијата на Словенецот кога слушна дека ќе го суди финалето

Славко Винчиќ е избран за главен судија на финалето Аргентина - Шпанија. Го судеше финалето од Лига Европа 2022 меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Ренџерс, а две години подоцна финале од ЛШ Борусија - Реал. Ама кој судија не сонува за мундијалско финале? Се превозбуди. Инаку првото големо првенство му е ЕП 2012.

Кои се тренерите со две мундијалски финалиња?

Лионел Скалони е само седмиот селектор во историјата кој двапати стигнал до финалето на Светско првенство.

Како го доживеаа пресвртот двајца аргентински пензионери?

И пензија нека доцни, само Аргентина да тепа. Најсреќни на свет се, па дури и продолжија да слават надвор со толпата. Каква страст за фудбал.

Аргентинскиот ураган посилен од бункерот на Англија, ново финале за Меси

Светскиот првак ќе ја брани титулата против Шпанија, откако заслужено, во голем стил и со пресврт ја доби Англија 2:1. Резултатот го отвори Ентони Гордон во 55 минута и потоа на терен имаше само една селекција, Аргентина. Тимот на Тухел се повлече целосно, а Енцо Фернандез и Лаутаро Мартинез тоа го казнија во 85-та и 92-ра минута. Меси мајстор со две асистенции и трето мундијалско финале. Аргентинците доминираа во вториот дел со 73% посед на топка и 13:4 во удари.

Кај им текнува бе?

Ако сте за невообичаена најава за вечерашното второ полуфинале на СП.

„Шпанија играше како во школски двор, а Французите делуваа препотентно“

Мирослав Вјетровиќ и Раде Богдановиќ во студиото на РТС дадоа доста реални, објективни и прецизни коментари за првото полуфинале на Мундијалот. Совршенство без маани, вели вториот за Шпанците.

Поранешна македонска фудбалерка го објаснува шпанскиот систем на игра

Весна Витанова e екс македонска репрезентативка и прва жена од Македонија со лиценца за тренер на УЕФА и ФИФА. Во само неколку реченици ја објаснува филозофијата на игра на Шпанците.

Црвената фурија ја скроти моќната Франција

Шпанија е првиот финалист на Мундијалот, откако вечерва во Далас ја надигра и ја победи Франција со 2:0. Актуелниот европски шампион ќе игра мундијалско финале по пауза од 16 години. Петти гол за Микел Ојарзабал кој реализираше пенал во 22 минута. Педро Поро го затвори мечот во 58 минута.

Како помина нокаут битката меѓу Франција и Шпанија на СП 2006?

Моќна минутка со моќни ликови од две моќни селекции кои вечерва очекуваме да ни приредат спектакл и ништо помалку од тоа. Да се потсетиме на нивното осминафинално соочување на Мундијалот пред 20 години.

Доминацијата на Европа на Светското првенство

Историски гледано, европските селекции не се снаоѓаат добро на Светските првенства што се одржуваат надвор од нивниот континент. Овој пат, не е баш така.

Шкотска е спремна за полуфиналето

Франција и Шпанија вечерва од 21:00 ќе ја имаат првата полуфинална битка на Светското. Очите на Шкотланѓаните се вперени кон онаа втората која се игра во среда во истиот термин. Да фрлиме око каква е атмосферата во Шкотска.

Величествен и херојски пречек за Норвежаните во Осло

Норвешка не жали за елиминацијата во четвртфинале од Англија во 93-та минута. Напротив, слави на големо. Никогаш во историјата не завршила во топ 8 во свет.

Француско ретро на денот

Франција живее во златна фудбалска ера во која станаа светски прваци 2018, па вицепрваци 2022, за вечерва од 21 преку Шпанија да бркаат ново финале. Ако оваа е златна, тогаш каква е онаа која освои Светско 1998, па Европско 2000. Младите не треба да гуглаат. На тацна им е сликава. Страшна банда.

Шпанија закажа мега полуфинале против Франција

Европскиот шампион Шпанија е втор полуфиналист на Мундијалот, откако по голема борба ја доби Белгија со 2:1. Микел Мерино втор пат по ред е човек на одлука. Против Португалија во 91-ва, овој пат во 88-минута. Сене Ламенс киксна на голот, откако го замени Куртоа кој се повреди. Фабијан Руиз го отвори резултатот во 30-та минута, 11 минути подоцна израмни Де Кетеларе. Полуфиналето Франција - Шпанија се игра во вторник со почеток од 21 часот.

Весело во соблекувалната на Франција

Избраниците на Дидие Дешамп преку Шпанија или Белгија ќе бркаат трето финале на СП по ред. Во 2018-та ја добија Хрватска, во 2022-ра загубија од Аргентина. Се острат за трето финале и нова титула.  Атмосферата им е на врвно ниво.

Тепачка на пресот на Мароко, Брахим Диаз поентираше

Што нема да види човек на едно Светско. Штета што камерата не сврте кадар, па само слушнавме како некој се жали на удар. Фудбалерот на Реал Мадрид чудно ги гледаше, а на крај ги изнасмеа сите.

Како во секунда се смени атмосферата во едно аргентинско маало

Безбедноста камера снима рандом улица. Надвор е скоро празно, сите се пред тв. Но, во 92-ра минута Аргентинвите му даваат гол на Египет за победа. Слушнете ја еуфоријата и погледнете ја радоста и на тие што се шетаат по улици и не гледаат фудбал. Ова го има само во Аргентина.

Лудило во Атланта, Аргентина со драматичен пресврт оди во четвртфинале

Светскиот првак им приреди хичкок четвртфинале на своите навивачи, кои до 67 минута беа бледи крпа. Египет имаше водство од 2:0, Меси промаши пенал, а потоа се случи аргентинско танго. Ромеро 79`, Меси 83`, Енцо Фернандез 92` за голема победа од 3:2 и четвртфинална битка против Колумбија/Швајцарија.

Руни, Ричардс и Харт урлаа во студио на интервјуто на Кејн

Хари беше хит со гласот после мечот со Мексико. Џо Харт: Така е кога имаме лидер кој дише со екипата во секоја минута. Вејн Руни: Најјакото интервју што сум го гледал.

А зошто овде да не се игра финалето?

Метлајф стадиум во Њу Џерси ќе биде домаќин на финалето на Мундијалот закажано за 19 јули.  А што и фали на Ацтека? Легендарниот стадион во Мексико Сити е местото каде Пеле (1970) и Марадона (1986) славеа светски титули. Погледнете ја атмосферава.