Американците се соочија со дебакл 1:4 пред своите навивачи. Де Кетерал со два комада и Ванакен и Лукаку со по еден покажаа кој е фаворит на средбата пред која мучки направи и шефот на државата домаќин. Имаме три четвртфинални двојки: Франција - Мароко, Норвешка - Англија и Шпанија - Белгија.
Веројатно сте играле „Уно“ а? Трамп сигурно ја играа оваа детска игра и ништо чудно да им пратил два шпила карти на ФИФА во барањето за укинување на суспензијата на Фоларин Балогун за мечот со Белгија.
Норвешка цели 27 години чекаше пласман на едно Светско првенство. Сега не само што се пласираа на Мундијалот 2026 туку тука го направија и најголемото изненадување - го урнаа Бразил со 2-1 со два прекрасни гола на Ерлинг Халанд. Јунак на мечот покрај Халанд беше и голманот Ерјан Ниланд кој нема клуб, и ма 35 години и во моментов е најдобар голман на Светското.
Зошто не Винисиус туку Бруно Гимараеш го шутираше пеналот кој Бразил го доби во 14' минута после гледање ВАР, еден новинар го прашал Анчелоти после тешкиот пораз 1:2 од Норвешка кој ги исфрли кариоките од Светско.
Кој како оди понатаму, слави ли слави на Светското, а уште не сме стигнале ни до четвртфинале. Англичаните ја добија тешката битка против Мексико со 3:2. Забавно беше во Мексико Сити на легендарниот стадион Ацтека, а истовремено и во Лондон.
Се разгорува Мундијалот. По Франција - Мароко, го добивме второто четвртфинале во кое битка ќе бијат Норвешка и Англија. Момците на Тухел со 3:2 го решија Мексико во меч на кој Мексиканците имаа 67% на топка и 5 - 5 во удари во рамки на гол. Џарел Куанса доби црвен во 54 минута, но со Белингам и Кејн во форма, нема зима за Англичаните.
Секоја чест за Парагвајците што успееа да го елиминираат четирикратниот првак Германија, ама против Франција беа недопадливи и негледливи. Се поставија со бункер и деструктивна игра која го уништи осминафиналето. Плус многу груби и безобразни. Вака од прилика изгледаше мечот.
Мароко - Франција е првото четвртфинале на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Доста им беше на Парагвајците со таква игра. Бункер, 24% посед на топка и 0 удари кон гол. Ги реши Мбапе од пенал во 70 минута и стигна до гол број 7, колку што има Меси.
Со гол во 94-та минута и пресврт, Португалија ја доби Хрватска со 2:1 и закажа осминафинална битка против Шпанија. Перишиќ погоди во 53-та минута, Роналдо доби пенал со ВАР во 68-ма. Мечот го реши Гонзало Рамос во 94-та. Кулминација на драмата беше 13 минута од судиското продолжение. Гвардиол го израмни резултатот, но голот му беше поништен со ВАР.
Кучето е најдобар другар на човекот. Кучето знае да гледа и фудбал со својот газда, како што овој Парагваец ја славел историската победа на пенали над Германија со својот миленик.
Англија по исто сценарио како Бразил, избегна мундијалско фијаско. Конго го чуваше водството од 7 до 75 минута, а потоа на сцена стапи незапирливиот Кејн кој за 11 минути го реши противникот за конечни 2:1. На 5 јули играат против Мексико.
Густаво Алфаро е тренер од 1992-ра, кога Нагелсман имал 5 години. 25 години се разлика, а Парагвај му е трета репрезентација која ја води, како и 13 клубови. И да, Мануел Ноер е една година постар од својот селектор.
Хрватите се пред сериозен испит во осминафиналето кој се вика Португалија. Мечот се игра во среда према четврток од 1 часот. Слушнете го каква песна склопил царов пред големата битка.
Еквадор ги пакува куферите откако беше елиминиран од Мексико со 2:0. Дефанзивецот Пјеро Инкапие во судиско продолжение доби чуден црвен картон. Му шепкаше нешто на противнички играч, судијата ја гледаше ситуацијата на ВАР и потоа го исклучи. Според новото правило на ФИФА, играчите не смејат да ја покриваат устата и да ја кријат комуникацијата кога се обраќаат некому на терен.
Мексико го реши Еквадор уште во првото полувреме со головите на Хулијан Кињонес и Раул Хименез. Мексиканците со исклучок на Катар, од 94-та на секој Мундијал стигнуваат со осминафинале.
Никој не се сети да ја спомне Италија во последно време, четирикратниот светски првак, кој промашува три Мундијали по ред. Сепак нешто се појави и за нив додека трае Светското.