Таг: сп 2026

Озбилно сега успеа да се исклучи телевизорот?

Парагвај го шутира последниот пенал против Германија.

Голманот на Мароко со невидена ракометна одбрана во пенал серијата

Почнува да станува интересно на Светското. После неочекуваната елиминација на Турција и Уругвај уште во групна фаза, тешки шамари изедоа Германија и Холандија во нокаут фазата. И двете испаднаа на пенали од Парагвај и Мароко. Незгодните Мароканци ја минаа Холандија со 3:2 (1:1 во регуларните 90 минути).

Бразил со пресврт до осминафинале, јунак Мартинели во 95-та минута

Почна мундијалската драма во нокаут фазата. Бразил се изнамачи против Јапонија и ја елиминираше со пресврт 2:1. Сано даде гол за водство на Јапонија во 29 минута. Неизвесноста ја врати Каземиро во 56-та минута, а човек на одлука беше Габриеле Мартинели во длабокото судиско продолжение. Следен противник им е Норвешка или Брегот на Слоновата Коска.

91-годишен аргентински новинар го покрива 18-то Светско првенство

Легендарниот аргентински коментатор Енрике Макаја Маркез е светски рекордер по бројот на коментирани натпревари од Светски првенства. Макаја сега го пренесува 18-от Мундијал во својата богата кариера. Тој ја памети славната шампионска титула со Марадона и онаа последната во 2022-ра со Лионел Меси. Од Аргентина добил плакета и признание за неверојатниот подвиг а многу големи ѕвезди се фотографираат со легендарниот Макаја.

Кога ќе ти стигне нотификација дека водиш против Германија

Се обиде, ама не издржа навивачов на Еквадор на голот за 2:1. Тоа е.

Канада е прв осминафиналист, мечот го реши во 92 минута

Репрезентацијата на Канада е првиот патник во осминафиналето на СП 2026, за нив прво во третото учество после 1986 и 2022. Селекцијата која е еден од домаќините на овој Мундијал ја доби Јужна Африка со голот на Стивен Јустакио во 92-ра минута. Го чека победникот од дуелот Холандија - Канада.

Кој со кого во нокаут фаза? Мега судир Модриќ - Роналдо

Летнаа 17 дена од Светското или вкупно 72 натпревари од групната фаза. Голем успех за Конго, БиХ и Зеленортските Острови кои за прв пат се радуваат на мундијалска нокаут фаза, последниве како дебитанти. Уругвај и Турција разочaраа.

Узбекистан се одјави со прекрасен гол на Шомуродов, Конго слави

Конго, кој го игра второто Светско првенство, ја запиша првата победа која им носи голема вредност, а тоа е пласман во нокаут фаза за прв пат. Беа подобри од Узбекистан со 3:1. Колумбија заврши прва после ремито 0:0 со Португалија.

Мајсторија на Сучиќ од 25 метри, Хрватска ја доби Гана и заврши втора

Англија и Хрватска ги оправдаа очекувањата во групата Л. Англичаните ја добија Панама и останаа први. Хрватска беше подобра и Гана, која куртули и ќе игра нокаут фаза како трета.

Иран за влакно остана без нокаут фаза во 93 минута

Египет и Иран одиграа 1:1 во групата Г со рани голови во 5` и 14` минута. Иранчаните дадоа гол во судиско и експлодираа од радост мислејќи дека одат понатаму, но полскиот судија Шимон Марчињак им го поништи поради офсајд.

Белгија ја наполни мрежата на Нов Зеланд, нокаут фаза за Египет по 92 години

По двете нерешени против Египет (1:1) и Иран (0:0), Белгија конечно стигна до првата победа, убедливо со 5:1 против аутсајдерот Нов Зеланд. Со овој триумф, Белгијците се први со 5 бода, исто колку има Египет кој одигра 1:1 против Иран. Египет е во нокаут фаза прв пат по 1934-та, а Иран и Нов Зеланд си одат дома.

А ќе речеш куче, што разбира фудбал

Светското има некоја магија распространета во цел свет, не само таму каде што се игра. Погледнете што улови камерата во еден локал, кога Еквадор и даде гол на Германија.

Најмалата земја на Мундијалот без пораз оди во следна фаза, Уругвај настрада

Зеленортските Острови играат чудесно историско Светско. Ниту победија, ниту загубија натпревар во групната фаза и како дебитанти стигнаа до сензационален пласман во нокаут фаза. Тие се најмалата земја во историјата која успеала да стигне до ваков успех. Шпанија го испрати Уругвај дома.

Дембеле ја суреди Норвешка со спектакуларен хет-трик за 25 минути

Франција перфектно ја мина групната фаза на Мундијалот со 3/3. Ја збриша Норвешка со 4:1. Дембеле експлодираше во прво полувреме со три убави гола. Сенегал му пукна петарда на Ирак.

Зошто во трето коло понекогаш е подобро да се загуби натпревар?

На Светско одиш да победиш и да се докажеш колку што можеш повеќе. Но што ако поразот е подобар резултат? За него во моментов размислуваат Австрија и Алжир.

Опасна ложа е ова

Какви играчишта беа овие мајко мила. Ај да не им отвораме работа на младите да гуглаат. Ќе фатиме од лево на десно:

Турците го победија домаќинот во 98-ма и се радуваа како да одат понатаму

Тимот на Винченцо Монтела, кој се покажа како најголемо разочарување со оглед на силниот состав се израдува на прва победа, откако го доби САД со 3:2. На табела ништо не промени овој резултат. Американците остануваат први, Турците последни.

Мексиканците поинаку ја сфаќаат групната фаза на Мундијалот

Погледнете ги сцениве во Мексико Сити за третиот меч и трета победа на Мексико на СП. Според некои проценки, над 800.000 луѓе излегле на улица. Зборовите не можат да го опишат ова лудило. Мислиш финале играа синоќа.

Перфекција на Мексико, историја за Јужна Африка

Мексико ги растури трите противници од трите различни континенти во А групата и заврши прв со 9 бода без примен гол. Јужна Африка ја доби Јужна Кореја и на својот четврти Мундијал дочека пласман во нокаут фаза.

Бразилците си поиграа со Шкотска, Хаити се отпиша солидно со 2 гола против Мароко

Бразил и Мароко си ја завршија прописно работата во Ц групата и им докажаа на Шкотска и Хаити дa не се надеваат на првите две позиции. Шкотска уште има шанси да оди како трета. Винисиус ја продолжи низата на Меси, Мбапе, Халанд и Роналдо со два гола.

Прекрасен гол на Алајбеговиќ, БиХ слави мундијалска историја

И покрај бледата игра и дебаклот од Швајцарија, селекцијата на БиХ се крена, го победи Катар со 3:1 за прва победа на СП и како третопласирана селекција за прв пат оди во следна фаза. Швајцарија e прва откако ја доби Канада со 2:1. Канаѓаните се втори со 4 бода, поради подобрата гол разлика од Босанците. Катар ги пакува куферите.

Тартан Арми го запоседнаа Мајами

Шкотските навивачи е милина да ги прими човек во град. Прават позитивна атмосфера, се двојат со традиционалните гајди кои им се препознатлив инструмент и облечени во килтови се секогаш интересни за локалните жители. Ги знаеме многу добро. Два пати ни беа на гости. Плус трошат еден куп пари за пиво. Од Фоксборо се преселија во Мајами. Повод? Бразил. Мечот се игра вечерва на полноќ по македонско време.

Светско е ова или маалски турнир?

Колумбија го совлада Конго со 1:0, резултат кој ги однесе во нокаут фаза. Погледнете го хаосов во судиско. Член на стручниот штаб на Африканците влетува на терен и ја рога втората топка во публика. Брзо после тоа некој ја врати на терен. Циркузи.