Кој со кого во нокаут фаза? Мега судир Модриќ - Роналдо

Летнаа 17 дена од Светското или вкупно 72 натпревари од групната фаза. Голем успех за Конго, БиХ и Зеленортските Острови кои за прв пат се радуваат на мундијалска нокаут фаза, последниве како дебитанти. Уругвај и Турција разочaраа.

Португалија - Хрватска е најголемата битка која предизвикува најголемо внимание во топ 32 фазата. Дуел на ветераните Модриќ и Роналдо за кои ова е последно Светско. Великаните кои го држеа Реал на врвот.

Кој и да помине, нема да се израдува на противникот во осминафинале, бидејќи вкрстува со дуелот Шпанија - Австрија, каде се знае кој е фаворит.

Другата мега пресметка може да биде Германија - Франција, во случај да ги оправдаат фаворитските улоги против Парагвај и Шведска.

БиХ ќе игра со домаќинот. Во случај на победа ќе се сретне со подобриот од средбата Белгија - Сенегал.

Светскиот првак има отворен пат до полуфиналето. Нокаут фазата ја почнуваат против дебитантот Зеленортски Острови кој без победа и пораз испиша историја. 

Обрнете внимание на можното полуфинале: Бразил - Аргентина.

28 јуни 2026 - 13:55