12 ноември 2020-та е датум на кој македонската фудбалска репрезентација играше финале против Грузија на гости за пласман на ЕП, кое поради пандемијата се играше летото 2021-ва.
Тоа беше деби сезона во новоформираната Лига на нации, каде нашиот национален тим беше сместен во Д лигата. Ја искористи фаворитската улога и во група со Ерменија, Гибралтар и Лихтенштајн заврши прва со 5 победи и 1 пораз.

Стресовите почнаа во полуфиналето од баражот, бидејќи во Скопје допатува соседниот ривал Косово. Ја реши Дарко Велковски за конечни 2:1.
Тбилиси е нешто што ќе ни остане врежано во глава, а тоа е незаборавната акција на триото Елмас - Трајковски - Пандев. Одиграа како на шева, а Пандев го даде златниот гол вреден пласман на Европско.

Оро на терен, славје низ улиците во Скопје, делириум следниот ден во скопскиот хотел каде беа сместени фудбалерите и тоа со блех музика. Сцени кои не се бришат. Македонија по долго и мачно чекање отиде на Европско.
Уживајте