Предводени од Мбапе, Французите можеа да стигнат до многу поубедлива победа, имаа дури 25 удари од кои 12 во рамки на гол, меѓу нив две стативи (Мбапе и Олисе по спектакуларни ножички), плус шведскиот голман Јакоб Видел спаси неколку чисти голови.
Мбапе ја отпиша Шведска со два гола во 45` и 74` и го стигна Меси со 6 гола. На вечната мундијалска листа Аргентинецот води 19:18.
Бредли Баркола исто така постигна гол во 53` минута.
Франција во осминафинале ќе игра против Парагвај во сабота од 23 часот.
Франција - Шведска 3:0