За шепкање во друштво се добива црвен

Еквадор ги пакува куферите откако беше елиминиран од Мексико со 2:0. Дефанзивецот Пјеро Инкапие во судиско продолжение доби чуден црвен картон. Му шепкаше нешто на противнички играч, судијата ја гледаше ситуацијата на ВАР и потоа го исклучи. Според новото правило на ФИФА, играчите не смејат да ја покриваат устата и да ја кријат комуникацијата кога се обраќаат некому на терен.

Инаку пред само неколку дена Инкапие доби 5 годишен договор од Арсенал, кој му плати на Баер Леверкузен за трансферот 40 милиони евра.

Мексико ја доби американската битка, проектил на Кињонес

1 јули 2026 - 09:16