Еквадор ги пакува куферите откако беше елиминиран од Мексико со 2:0. Дефанзивецот Пјеро Инкапие во судиско продолжение доби чуден црвен картон. Му шепкаше нешто на противнички играч, судијата ја гледаше ситуацијата на ВАР и потоа го исклучи. Според новото правило на ФИФА, играчите не смејат да ја покриваат устата и да ја кријат комуникацијата кога се обраќаат некому на терен.