Поранешна македонска фудбалерка го објаснува шпанскиот систем на игра

Весна Витанова e екс македонска репрезентативка и прва жена од Македонија со лиценца за тренер на УЕФА и ФИФА. Во само неколку реченици ја објаснува филозофијата на игра на Шпанците.

Пред околу 15 години кога се преселив во Шпанија, бев сведок на нивниот систем кој беше штотуку вметмелен во сите фудбалски академии и направи огромна тактичка промена која денес е стандард во развојот на играчите.

Наместо играчот прво да ја прими топката, а потоа да размислува што понатаму, акцентот се стави на скенирањето на теренот.

Играчите се учат постојано да ја вртат главата и да ја набљудуваат околината уште пред да ја добијат топката. Со тоа, кога топката ќе пристигне до нив, тие веќе знаат каде се соиграчите, каде е противникот и каде треба да оди следниот пас.

Така се намалува времето на одлучување, се зголемува брзината на играта и се создава предност над противникот.

Овој принцип е една од главните причини зошто шпанскиот фудбал со години произведува технички и интелигентни играчи.

Скенирањето пред приемот на топката не е само навика – тоа е вештина што овозможува побрза игра, подобри одлуки и контрола на натпреварот.

Едноставно правило кое го следат:

ПРВО СКЕНИРАЈ, ПОТОА ПРИМИ, ПА ОДИГРАЈ!

Виа

Црвената фурија ја скроти моќната Франција

15 јули 2026 - 09:37